05.11.2012, 12:04 Ставрев ќе му суди на Јувентус
Ставрев е првиот Македонец што ќе ја дели фудбалската правда во Италија, а ова ќе му биде втор меч во кој ќе му суди на италијански тим
Александар Ставрев ќе биде главен судија на натпреварот во среда од фудбалската Лига на шампионите меѓу Јувентус и Нордсјеланд во Торино, кои во првиот меѓусебен дуел во Данска одиграа нерешено 1:1. Јувентус е третиот европски првак во кариерата на македонскиот арбитар, кој досега им има судено на Барселона против Плзен на „Камп Ноу“ лани и на Баерн Минхен против БАТЕ Борисов во Минск сезонава, и двата меча во рамките на групната фаза од ЛШ.
Ставрев е првиот Македо��ец што ќе ја дели фудбалската правда во Италија, а ова ќе му биде втор меч во кој ќе му суди на италијански тим. Во Лига Европа минатата сезона тој ја водеше средбата меѓу ЦСКА Софија и Рома, во која гостите од Италија славеа со 3:0.
На Ставрев утревечер во Торино ќе му помагаат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, четврти судија ќе биде Душко Милошевски, а покрај головите ќе стојат Димитар Мечкаровски и Горан Спиркоски. (Р.Д.)
|