06.11.2012, 14:56 Јунајтед ќе постави статуа на Фергусон
Статуата ќе биде откриена на „Олд трафорд“ на 23 ноември, ден пред натпреварот меѓу Менчестер Ј. и Квинс Парк ренџерс
Манчестер јунајтед ќе ја одбележи 26-годишнината откако сер Алекс Фергусон е менаџер на тимот со поставување статуа на Шкотланѓанецот овој месец, соопшти лидерот во Премиер-лигата. Статуата ќе биде откриена на „Олд трафорд“ на 23 ноември, ден пред натпреварот меѓу Јунајтед и Квинс Парк ренџерс, екипата против која 70-годишникот го имаше своето деби на клупата на домашен терен на 22 ноември 1986 година.
Фергусон е најуспешниот британски клупски менаџер, кој го одведе Јун��јтед до 12 премиерлигашки титули, како и до две европски круни, пет трофеи во ФА-купот и четири во Лига-купот. Претходно тој го водеше шкотски Абердин, со кој го освои Купот на куп-победниците во 1983 година со победата над Реал Мадрид во финалето.
Статуата ќе биде поставена блиску до влезот на трибината именувана во чест на Фергусон минатата година.
|