08.11.2012, 11:32 Оли Рен: Грчкиот долг е неодржлив
Еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен изјави дека долгот на Грција, кој наредната година се очекува да достигне 189 проценти од БДП-то, не е одржлив и оти кредиторите на земјата ќе мора наскоро да го решат ова прашање.
Тој сепак ја отфрли можноста за реструктуирање на долгот.
- Нема сомнеж дека неговата неодржливост постојано се зголемува без понатамошни мерки кои би го намалиле долгот, нагласи Рен.
Според него, во наредните седмици во врска со Грција треба да се затворат „четири поглавја“. Првите две поглавја се фискалните и структурните мерки кои синоќа и во недела се гласаат во грчкиот Парламент.
- Н�� пред се`, исто така ни треба договор за финансирање на побарувањата и одржливоста на долгот, додаде Рен.
Во изјава за странски агенции тој ја отфрли можноста Европската централна банка и партнерите на Грција од еврозоната да ги намалат сумите што им ги должи Атина. Рен уште додаде дека кредиторите на Грција „ги проценуваат финансиските потреби на земјата“ за да одлучат дали периодот за прилагодување да го продолжат од 2014 на 2016 година. |