08.11.2012, 14:40 Гостиварка добила ќотек од сопругот
ГОСТИВАР - Триесет и четиригодишна гостиварка подолго време била психички и физички малтретирана од сопругот. Сето тоа го толерирала со цел да го сочува бракот. Но, завчеравечер, откако добила неколку тупаници, го пријавила малтретирањето во полиција.
Според информацијата од СВР-Тетово, инцидентот се случил вчера околу 20,30 часот, по што 37-годишниот насилник е приведен. По расчистувањето на случајот, против него ќе биде поднесена пријава. (К.К.)
|