09.11.2012, 13:59 Премиeра на „Трето полувреме” во Њујорк
Проекцијата на 10 ноември ќе ја отвори г-динот Срѓан Керим, претседател на 62-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации
На 10 ноември 2012 година, во Tribeca Grand Hotel Theatre, ќе се одржи Њујоршката премиерата на филмот „Трето полувреме”.
На проекцијата своето присуство го потврдиле значајни луѓе од филмската индустрија, како и видни ПР претставници на општествениот живот во Њујорк.
Проекцијата која е потпомогната од Global Partnership Forum, Firma NYC -Creative Branding and Sales, ќе ја отвори г-динот Срѓан Керим, претседател на 62-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.
На проекцијата свое обраќање ќе имаат Дарко Митревски, режисер и сценарист на филмот, како и главната актерка, Катерина Ивановска.
Премиерата во Њујорк е дел од активностите на филмот поврзани со Оскаровската кампања за која Владата на Република Македонија одобри дополнителни средства.
|