14.11.2012, 13:36 Сто милиони фунти за англискиот првак од ТВ-правата
Зголемувањето на сумата што ќе ја добие шампионот е поради зголемувањето на вкупниот износ на ТВ правата на премиерлигата, која надмина сума од пет милијарди фунти
За прв пат во историјата, од сезоната 2013/14 тимот кој ќе триумфира во англиското првенство ќе добие над 100 милиони фунти од телевизиските права. Зголемувањето на сумата што ќе ја добие шампионот е поради зголемувањето на вкупниот износ на ТВ правата на премиерлигата, која надмина сума од пет милијарди фунти. Со секое вкупно зголемување на парите од ТВ правата се зголемува и буџетот кој треба да му при��адне на најдобриот тим во лигата.
Премиерлигата веќе има потпишано тригодишен договор со домашните ТВ куќи Скај и БТ, кој им гарантира 3 милијарди фунти. дополнителни 178 милиони фунти добиваат од ББЦ, а во најскоро време се очекува да биде подобрен договорот и со прекуокеанските ТВ куќи. Се очекува тој договор да достигне до 2 милијарди фунти годишно.
|