13.11.2012, 14:01 Тери не ги скинал лигаментите на коленото
Против Ливерпул, Тери го постигна водечкиот гол за својот тим, но пред крајот на првиот дел при еден судар со Луис Суарез остана со болна гримаса да лежи на тревникот
Капитенот на Челзи, Џон Тери имал среќа и не ги скинал лигаментите на коленото што значи дека го очекува многу пократка пауза. На дуелот против Ливерпул, Тери го постигна водечкиот гол за својот тим, но пред крајот на првото полувреме при еден судар со Луис Суарез остана со болна гримаса да лежи на тревникот. Дефанзивецот на носилки беше изненсен од игра, а се претпоставуваше дека ги скинал лигаментите на коленото и дека може да паузира до крајот на сезоната.
За среќа на Тери и сите во клубот, лекарските прегледи покажаа дека паузата ќе биде помеѓу две и шест недели. „Магнентната резонанса покажа дека десното колено на Тери за среќа нема посериозни оштетувања на вкрстените лигаменти. За два-три дена кога ќе спадне отокот лекарите повторно ќе направат преглед и точно ќе се знае колку ќе биде долга паузата на Тери. За среќа не се работи за пауза од неколку месеци, туку неколку недели“, стои во соопштението на англискиот клуб.
|