14.11.2012, 13:03 Карл Лагерфилд го нацрта Обама како готвач
Познатиот германски дизајнер, инспириран од победата, го наслика американскиот претседател како готвач со торта во форма на Белата куќа
Барак Обама како готвач! - вака еден од најпопуларните модни дизајнери во светот, Карл Лагерфилд, го наслика американскиот претседател Барак Обама. Дизајнерот кој својата екстравагантност досега ја има покажано безброј пати на сопствените модели, беше инспириран од неодамнешната победа на Барак на претседателските избори во САД.
Лагерфилд одлучи да го наслика Обама како готвач - сликата го прикажува претседателот облечен во бела униформа како стои пред американското знаме додека во рацете носи торта во облик на Белата куќа. Дизајнерот под сликата објавена во германскиот магазин „Франкфуртер алемајне цајтунг“ напиша: „Најголемиот готвач на светот“.
Објаснувајќи ја својата работа, Лагерфилд изјави дека отсекогаш бил аполитичен и дека никогаш во животот не гласал, но дека Обама го „инспирирал“. Седумдесет и деветгодишниот германски дизајнер и во минатото сликал познати личности, па така ја насликал и Коко Шанел, групата „Квин“, војвотката од Кембриџ, како и првата дама на САД, Мишел Обама, за која претходно изјави дека е нејзин голем обожавател. „Јас сум голем обожавател на г-ѓа Обама - и на нејзиното лице. Мислам дека е волшебно“, додаде Лагерфилд.
|