Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
11.11.2012, 14:25

Викенд со мирисот на пита-пастрмалија

Откриен документ во кој пишува дека во Велес се приготвувала пастрмалија уште во 1869 година

Изминатиот викенд Велес беше окупиран од љубителите на познатата велешка пастрмалија. Се одржа ,,Велешката пастрмалијада“. Процените се дека за три дена се изедоа околу 12 илјади парчиња пити. Десетина ресторани и неколку винарници им го понудија на гостите традиционалниот специјалитет пита-пастрмалија. Нивните капацитети беа премали за да се задоволат барањата на илјадниците гости, па затоа во редици се чекаше за се дојде до парче пита. Се чекаше и по еден час за да се дојде на ред за пита и место. П��сетители имаше од цела Македонија кои беа примамени од неповторливиот вкус на питата богата со пастрма – овчо сушено месо прелиено со јајца. Велешани, горди на својот специјалитет, не ја пропуштија можноста да дојдат во родниот град.

„Кога дознав дека ќе има ваква манифестација, испланирав овој викенд да дојдам дома. Тука сме со соседите, роднините и се насладуваме на пастрмалија. Има и одлично вино и се' заедно е прекрасно доживување. Така истовремено се видов со моите блиски, но и ја пробав познатата пастрмалија. Неа ја сакаше и мојот сопруг, кој ја изгради Топилница, а од Велес замина со силната љубов кон овој специјалитет“, вели Ана Волева-Руп, сопруга на германскиот инженер Валтер Руп, креатор на техничкиот дел од изградбата на велешка Топилница и автор на антологиската изјава ,,Топилница гут, Велес капут“, кој пролетоска починал.

Убавото време привлече илјадници гости. Забавата навечер со познатите македонски поп-ѕвезди ги привлече помладите. Рестораните последната порачка ја носеле во саботата на полноќ, но и тоа било премалку за нараснатите апетити на гостите. Понудата од традиционалниот специјалитет пита-пастрмалија залеана со црно вино, можноста да се видите со познати или пријатели ги изнесе велешани од домовите, а гостите од другите градови ги донесе во Велес.

„Вкусот на пастрмалија е единствен и неповторлив, кој пробал знае. Јас сум велешанка која живее во Скопје. Но, не ја пропуштам оваа манифестација да дојдам во родниот град и заедно со сопругот и друштвото да вкусиме оригинална пастрмалија. Пита без пастрма е се' друго, само не пастрмалија“, вели Данче Делова. Велешани се горди на тоа што ова е најстарата ваква манифестација во земјава, в година ќе биде јубилејна - десетта. Градоначалникот на Велес потсети на традицијата дека велешани прават пита иста како и онаа од еден и пол век. Општинските власти преку турски истражувач дошле до невообичаен податок, дека таа се подготвувала по истиот рецепт како и сега, уште во далечната 1869 година.

„Дојдовме до пишан документ од почетокот на 1869 година, во кој се зборува дека од 5 до 19 јануари две илјади турски војници додека престојувале во Велес биле ранети со тесто посипано со овчо сушено месо прелиено со јајца. И по толку време, останавме верни на традицијата и на оригиналот“, изјави Горан Петров, градоначалник на Велес. Фестивалот на храната траеше три дена. (П.П.)


Статијата е прочитана 831 пати.

Испрати коментар



„Животот на Пи“ и Џемс Бонд ќе го отворат киното во Скопје сити мол
(ФОТО) Се е подготвено за „Скопски фестивал“
(ФОТО) „Помеѓу рајот и пеколот“ награден во Швајцарија
Карл Лагерфилд го нацрта Обама како готвач
Кира Најтли - Никој не ги гледа моите гради
(ФОТО) „Феникс“ ја отвори првата евтина книжарница во земјава
На главната вечер на „Таксират“ - Кирил Џајковски
„Најубавите песни“ на Каролина
Машала, Ријана се соблече!
Бондовиот „Скајфол“ урива рекорди во САД
Архивот Бужаровски во дигитална форма
Циклус на Карлос Саура во Кинотека
Елпида Хаџи Василева ќе не' претставува на 55. Венециско биенале
(ФОТО) Триумф на Тејлор Свифт и Џастин Бибер
Ристо Лазаров награден со „Дијалог“ за „Ситночекорка“
Судот и забрани на Хали Бери да ја поведе ќерката во Франција
Деми Мур прогласена за најпосакувана средовечна жена
Елтон Џон сака уште едно дете преку сурогат-мајка
Промовирана „Македонскиот 19 век“ на Горан Калоѓера
Филмот „Трето полувреме“ прикажан во Њујорк
Во Велес отворена 8. Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори‘‘
Петар Темелковски добитник на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко‘‘
Промовирана книгата „Господ не е голем“ на Кристофер Хичинс
Премиeра на филмот „Трето полувреме” во Њујорк
(ФОТО) Филхармонијата ќе се всели во новиот објект во 2014 година
Во Бугарија пронајдена златна ризница стара 2.400 години
Во три месеци два пати освоила премија на лото
„Македонски лекарственици од 19 век“ од Михајло Георгиевски
Промовирана тритомна „Историја на црногорската книжевност“
(ФОТО) Концертот на Масимо набиен со емоции
Фестивалот „Синедејс“ ќе понуди 107 филмови
По Сенди, скапоцените ангели шетаа во Њујорк
Монографија за актерот Мите Грозданов
Промовирана книгата „Скопје и Старата скопска чаршија“
Филмскиот фонд распиша четири конкурси
Супер радио влезе во Гинис
„Суперхикс“ ќе упаѓа во средни училишта
Поповиќ ја преболува Северина со Марија Каран
Нобеловецот Мо Јан близок со член на Шведската академија?
Почнува „Локомоушн“, танц-фестивал за 2.600 евра
Композиторот Елиот Картер почина на 104 години
Изложба на уметникот Владимир Лукаш
(ФОТО) Опасен спот на Елена Ристеска
Киселичка и Коловски настапија на њујоршката сцена
Новиот филм на Владимир Блажевски во Котбус
Џорџ Лукас подарува четири милијарди долари за образование
Почнуваат 21. СКОМРАХИ, посветени на Август Стриндберг
Доделени наградите на „ФАДФ Камера 300“
Проекција на „Трето полувреме“ на американскиот маркет
Краткиот филм „Шумарот“ ја освои Норвешка
„ХТЦ Виндоус фон 8Х“ во салоните на „Вип“
Пирамидата во Пјонгјанг ќе биде највисокиот хотел во светот
Филмот за Мајкл Џексон доаѓа во Скопје
Се продава масата на која е напишан романот „Дракула“
Борјан Цанев настапува со Софиската филхармонија
Концерт на Македонската филхармонија со Марсел Калифе
Почвата на Марс слична со почвата на Хаваите

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Ситен дожд

Среда
Грмотевици со дожд
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (1)
Жените на Тито
Настани
(ВИДЕО) Две жртви во железничка несреќа во Црна Гора
Несреќата се случила вчера попладне, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пру...
Светски ден на борба против дијабетесот
Меѓународната федерација за дијабатес проценува дека 366 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а бројот на заболени&nb...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |