13.11.2012, 12:49 Бондовиот „Скајфол“ урива рекорди во САД
Дваесет и третиот филм за Џемс Бонд, кој годинава слави 50 години, само во првиот викенд заработи 87,8 милиони долари
Новиот филм за Џемс Бонд „Скајфол“ постигна рекорд со заработка од 87,8 милиони долари во првиот викенд од неговата премиера во Северна Америка.
Третиот филм, во кој Џемс Бонд го игра Даниел Крег, го надмина американското деби на „Зрно утеха“ од 2008 година, кој заработи 67,5 милиони долари, што беше предходната најдобро премиера на оваа франшиза. „Скајфол“ го презеде врвот на листата од анимираната комедија на Дизни, „Скрши го Ралф“, која заработи 33,1 милион долари, додека на трето место е „Лет“ на Дензел Вошингтон со заработка од 15,1 милион долари.
„Скајфол“ беше единствената светска премиера овој викенд, иако стартуваше и филмот на Стивен Спилберг „Линколн“, само во мал број киносали. Даниел Деј-Луис кој го игра 16. претседател, и Филмот, во кој 16-тиот претседател го игра Дениел Деј Луис, заработи 900.000 долари.
Заработката на 23. филм за Бонд речиси двојно го надмина и првиот Бонд филм на Даниел Крег „Казино ројал“ од 2006 година. Рори Бруер, првиот човек на дистрибуцијата во „Сони“, која ги продуцира филмовите за Бонд заедно со МГМ вели: „Тоа е извонредно сведоштво за Бонд, со оглед на тоа што оваа година се слави неговата 50-годишнина. Колку прекрасен подарок за годишнина“, додава тој.
Серијалот за Џемс Бонд, една од најтрајните франшизи на Холивуд дебитираше пред 50 години со „Др. Но“. Во изминативе две децении филмовите донесоа заработувачка од околу 200 милиони долари на домашен пазар, сума приспособена на инфлацијата. Додека „Скајфол“ го бележи новиот рекорд во приходите од викендот на отворање, иако тој се' уште е далеку од најголемата публика што агентот 007 ја има привлечено. Бонд авантурата на Шон Конери од 1965 година, „Операција гром“, во денешни долари донесе заработка од 508 милиони долари, додека „Голдфингер“ дистрибуиран во 1964 година беше многу близу зад него, со заработени 444 милиони долари. Тоа беше импресивен викенд на американските бокс-офиси, со вкупен домашен приход од 172 милиони долари. На крајот само да кажеме дека вкупната заработка на „Скајфол“, од неговата дистрибуција низ светот на крајот на октомври, изнесува 518,6 милиони долари.
|