12.11.2012, 12:21 Деми Мур прогласена за најпосакувана средовечна жена
Интернет страницата која спојува повозрасни жени со многу помлади мажи, „Кугарлајф“, ја прогласила 50-годишната актерка за најпосакувана
Интернет страницата која спојува повозрасни жени со многу помлади мажи, „Кугарлајф“, ја прогласила 50 - годишната Деми Мур за најпосакувана. На домашната адреса и' испратиле на актерката роденденски подарок - чевли со високи потпетици од Кристијан Лубутен со леопардов дизајн.
Сопственичката на веб-страницата рекла дека Деми е најдобра промоторка на таквиот начин на живот, зашто живеела со 16-години помласиот Ешто�� Качер.
Деми Мур наврши 50 турбулентни години минатата година, обележани со кариера во која снимила 40 филмови и имала бројни подеми и падови. Ништо помалку интересен не е ни нејзиниот приватен живот, кој го обележиле три брака со подеднакво толку успеси и неуспеси.
Родена е во гратчето Росвел, во американската сојузна држава Њу Мексико, со име Деметрија. нејзиниот биолошки татко ја напуштил мајка и' Вирџинија пред Деми да дојде на свет, па така за свој татко го смета Ден Гинис, вториот сопруг на мајка и', продавач, поради чија работа морале многу пати да се селат. Како дете имала две операции за исправување на стробизам, а се мачела и со функцијата на бубрезите. Училиштето го напуштила во 3. клас средно училиште и се запишала на актерска академија, инспирирана ос младата актерка Настасја Кински, која живеела во нејзината зграда. На 17 - години се омажила за музичарот Фреди Мур. Филмската кариера ја започната во 1981 година, а првите актерски успеси ги имала со филмсот „За минатата веќер“ од 1986 година. Вистинската слава ја стекнала со филмот „Дух“ од 1990 година, каде глумеше со покојниот Патрик Свејзи. Врвот на кариерата и' се случува на почетокот на 90. со филмовите „Малку добри луѓе“, „Гримизна буква“, „Неморална понуда“..., за по филмот „Стриптиз“ да и' стагнира кариерата иако добила тогаш најголем хонорар за женска актерка, во 1996 година. Ниту со второто продолжение на „Чарлиевите ангели“ од 2003 година, не успеа да ја оживее старата слава.
Во вториот брак со Брус Вилис стапи во 1987 година, со кој има три ќерки :Рамер (24), Скаут (21) и Талула (18). Се разделија во 1998, а се разведоа во 2000 година. Во 2003 година ја започна врската со 16 години помладиот Ештон Качер, а во третиот брак влезе во 2005 година. Иако се разделија во ноемврси 2011, до денес се' уште не поднеле документи за развод.
|