13.11.2012, 13:47 „Најубавите песни“ на Каролина
На новото цеде Каролина одбра песни по свој вкус, нејзините најголеми хитови
Дванаесет песни, плус три бонус, ќе се најдат на новиот албум на поп-пејачката Каролина, кој е всушност компилација од нејзините најголеми хитови, насловен како „Најубавите песни“. Се работи за прво компилациско цеде на нашата популарна пејачка, чиј комплетен избор го направи самата Каролина, како најубави песни во нејзината досегашна кариера. Цедето ќе се најде во продажба на 27 декември.
„Се работи за песни, од кои за повеќето не бил снимен спот, ниту пак биле најавени како сингл и поради тоа можеби не добиле третм��н каков што заслужуваат со својот квалитет, а имале одличен прием кај нејзините фанови“, велат од „Авалон продукција“. Оттаму информираат дека на цедето ќе се најдат песните: „Тој“, „Први март“, „Во заборав“, „Само уште еден ден“, „Без оглед на се'“, „Знаеш колку вредам“, „Штом сакаш“, „Љубовта е моја религија“, „Не чувствувам страв“, „Капка под небото“, „И ќе биде се' во ред“, „Сама“, „Кад ми небо буде дом“, „Као мало воде“ и „Леди Годива“.
|