Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
11.11.2012, 14:36

Промовирана „Македонскиот 19 век“ на Горан Калоѓера

Калоѓера, кој е и почесен конзул на Македонија во Хрватска и раководител на Катедрата за македонски јазик при Универзитетот во Риека, во Велес допатува да го добие највисокото општинско признание на градот, наградата „9 Ноември“

Во Велес беше промовирана најновата книга на академик Горан Калоѓера „Македонскиот 19 век“. Тој е најзначајното македонистичко име од областа на литературата надвор од земјава, автор на 30 дела, од кои половината се поврзани со Македонија. Во оваа книга низ четири поглавја Калоѓера ја проучува културата и литературата во 19 век во Мак��донија.

„За да се напише оваа книга треба да се биде искусен автор, храбар човек и зналец, бидејќи 19 век е најпротивречниот период на македонската опстојба. Згора на тоа, ова дело го пишува човек припадник на друг народ, друга култура и друга јазична средина. Оваа книга е ретка и несекојдневна, бидејќи по својот концепт е вистинска историја на македонскиот 19 век“, изјави академик Васил Тоциновски, промотор на книгата. Книгата ја издаде Друштвото на Македонците во Република Хрватска, со финансиска поддршка од хрватската влада. На 250 страници Калоѓера пишува за школството, за јазичното прашање, за печатниците, библиотеките, читалниците, музичкиот живот, за 20-ина автори, меѓу кои се и браќата Миладиновци, Григор Прличев, Јордан Хаџи Константинов Џинот, Рајко Жинзифов, Крсте Петков Мисирков, Кузман Шапкарев, Партениј Зографски, браќата Петковиќи.

„Во Македонија, за жал, недоволно храбро се проучуваат и се вреднуваат книжевните автори од 19 век. Сите значајни работи што се случиле подоцна водат корени токму од овој период. Токму затоа треба да се каже дека луѓето кои работеле, пишувале во 19 век, не биле полуписмени, безначајни учители, туку врвни интелектуалци на своето време. Тогаш, исто како што француските, англиските и руските автори пишувале патописи, новели, романи, истите тие форми биле реализирани и од македонските автори во 19 век. За вистина, не на македонски литературен јазик, кој подоцна бил нормиран, но на говорот што бил користен во Македонија“, рече Горан Калоѓера. Тој е и почесен конзул на Република Македонија во Хрватска и раководител на Катедрата за македонски јазик при Универзитетот во Риека. Добитник е и на Почесното Рациново признание за ширење на македонската култура и литература надвор од границите на земјата. Во Велес допатува да го добие највисокото општинско признание на Велес, наградата „9 Ноември“. (П.П.)


Статијата е прочитана 529 пати.

Испрати коментар



„Животот на Пи“ и Џемс Бонд ќе го отворат киното во Скопје сити мол
(ФОТО) Се е подготвено за „Скопски фестивал“
(ФОТО) „Помеѓу рајот и пеколот“ награден во Швајцарија
Карл Лагерфилд го нацрта Обама како готвач
Кира Најтли - Никој не ги гледа моите гради
(ФОТО) „Феникс“ ја отвори првата евтина книжарница во земјава
На главната вечер на „Таксират“ - Кирил Џајковски
„Најубавите песни“ на Каролина
Машала, Ријана се соблече!
Бондовиот „Скајфол“ урива рекорди во САД
Архивот Бужаровски во дигитална форма
Циклус на Карлос Саура во Кинотека
Елпида Хаџи Василева ќе не' претставува на 55. Венециско биенале
(ФОТО) Триумф на Тејлор Свифт и Џастин Бибер
Ристо Лазаров награден со „Дијалог“ за „Ситночекорка“
Судот и забрани на Хали Бери да ја поведе ќерката во Франција
Деми Мур прогласена за најпосакувана средовечна жена
Елтон Џон сака уште едно дете преку сурогат-мајка
Викенд со мирисот на пита-пастрмалија
Филмот „Трето полувреме“ прикажан во Њујорк
Во Велес отворена 8. Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори‘‘
Петар Темелковски добитник на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко‘‘
Промовирана книгата „Господ не е голем“ на Кристофер Хичинс
Премиeра на филмот „Трето полувреме” во Њујорк
(ФОТО) Филхармонијата ќе се всели во новиот објект во 2014 година
Во Бугарија пронајдена златна ризница стара 2.400 години
Во три месеци два пати освоила премија на лото
„Македонски лекарственици од 19 век“ од Михајло Георгиевски
Промовирана тритомна „Историја на црногорската книжевност“
(ФОТО) Концертот на Масимо набиен со емоции
Фестивалот „Синедејс“ ќе понуди 107 филмови
По Сенди, скапоцените ангели шетаа во Њујорк
Монографија за актерот Мите Грозданов
Промовирана книгата „Скопје и Старата скопска чаршија“
Филмскиот фонд распиша четири конкурси
Супер радио влезе во Гинис
„Суперхикс“ ќе упаѓа во средни училишта
Поповиќ ја преболува Северина со Марија Каран
Нобеловецот Мо Јан близок со член на Шведската академија?
Почнува „Локомоушн“, танц-фестивал за 2.600 евра
Композиторот Елиот Картер почина на 104 години
Изложба на уметникот Владимир Лукаш
(ФОТО) Опасен спот на Елена Ристеска
Киселичка и Коловски настапија на њујоршката сцена
Новиот филм на Владимир Блажевски во Котбус
Џорџ Лукас подарува четири милијарди долари за образование
Почнуваат 21. СКОМРАХИ, посветени на Август Стриндберг
Доделени наградите на „ФАДФ Камера 300“
Проекција на „Трето полувреме“ на американскиот маркет
Краткиот филм „Шумарот“ ја освои Норвешка
„ХТЦ Виндоус фон 8Х“ во салоните на „Вип“
Пирамидата во Пјонгјанг ќе биде највисокиот хотел во светот
Филмот за Мајкл Џексон доаѓа во Скопје
Се продава масата на која е напишан романот „Дракула“
Борјан Цанев настапува со Софиската филхармонија
Концерт на Македонската филхармонија со Марсел Калифе
Почвата на Марс слична со почвата на Хаваите



petre, 11.11.2012 15:11:02
cestitki za avtorot, no so edno prasanje: Dali nenamerno go ispustil golemiot makedonski prerodbenik od 19 vek Gorgija Pulevski.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Ситен дожд

Среда
Грмотевици со дожд
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (1)
Жените на Тито
Настани
(ВИДЕО) Две жртви во железничка несреќа во Црна Гора
Несреќата се случила вчера попладне, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пру...
Светски ден на борба против дијабетесот
Меѓународната федерација за дијабатес проценува дека 366 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а бројот на заболени&nb...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |