Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
14.11.2012, 20:01

(ФОТО) Јубилејна 50. победа на Македонија во историјата



Македонската фудбалска репрезентација и по трет пат славеше во пријателските натпревари со Словенија, совладувајќи ја на „Филип Втори“ со 3:2

ФОТО: Петр Стојановски

Македонија беше поуспешна и во третиот пријателски натпревар против Словенија, откако вечерва на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје пред околу 4.000 гледачи избраниците на селекторот Чедомир Јаневски славеа со резултат 3:2. Претходно во 1993 година Македонија на гостувањето во Крањ ја совлада Словенија со 4:1, а една година подоцна во Скопје беше 2:0.

Македонија дојде во ��одство во 26.минута преку Дарко Тасевски на асистенција на дебитантот Адис Јаховиќ. Токму Јаховиќ во 41.минута зголеми на 2:0 постигнувајќи го 200. гол за македонската репрезентација во настапите на меѓународната сцена.



Словенија на почетокот од второто полувреме преку Нејц Печник намали на 2:1 (49.минута), а само две минути подоцна Агим Ибраими ја врати предноста од два гола за „црвено – жолтите“ со удар од преку 30 метри и по грешка на голманот Самир Хандановиќ. Со својот втор гол, Печник во 63.минута повторно ја врати резултатска неизвесност намалувајќи на 3:2, но така остана и до крајот.

Натпреварот можеше да добие поинаков тек во корист на Словенците, но најзаслужен што не се случи тоа беше нашиот голман Томе Пачовски кој во 9.минута го одбрани пеналот од Јасмин Куртич. Претходно, Ферхан Хасани во шеснаесетникот играше невнимателно со рака па судијата покажа удар од белата точка.

Македонија возврати со шансите на Јаховиќ во 15.минута кога со удар од 15-ина метри ја погоди стативата од противничкиот гол, а Агим Ибраими од слободен удар од 18 метри шутираше за малку над голот на Самир Хандановиќ.



До крајот на првото полувреме следуваа голот на Тасевски, па уште една одлична интервенција на Пачовски кој спаси сигурен гол по ударот на Кевин Кампл во 32.минута и голот на Јаховиќ.

Освен постигнатите голови, второто полувреме го одбележаа и големиот број измени кој селекторите на двете репрезентации ги направија со цел да им овозможат и на резервистите да настапат на овој натпревар.

Со оваа победа, вкупно 50-та во својата историја, Македонија ја продолжува серијата на позитивни резултати започната минатиот месец со победата над Србија, а вечерашниот успех над 34 места подобрата Словенија, ќе значи и продолжување на напредокот на ФИФА рејтинг листата за избраниците на Јаневски.

Македонија - Словенија 3:2 (2:0)

Арена „Филип втори“. Гледачи: 3.000. Судија: Данило Грујиќ (Србија). Стрелци: Тасевски 27’, Јаховиќ 41’, Ибраими 51’ (Македонија), Печник 48’, 63’ (Словенија). Жолт картон: Хасани (Македонија).

МАКЕДОНИЈА: Пачовски (46. Богатинов), Тодоровски, Лазевски (80. Георгиевски), Грнчаров, Шиков, Демири, Тасевски (61. Стјепановиќ), Хасани (87. Ѓорѓиев), Јаховиќ (76. Блажевски), Ивановски (55. Трајковски), Ибраими. Селектор: Чедомир Јаневски.

СЛОВЕНИЈА: Хандановиќ, Струна, Марох (64. Шулер), Келхар, Јокиќ, Крхин (67. Мертељ), Куртиќ (46. Пејчник), Цвијановиќ, Кампл (46. Аднраж), Бериќ, Матавж. Селектор: Славиша Стојановиќ.











Статијата е прочитана 2521 пати.

Испрати коментар



Илиевски му пресуди на Жалгирис
Њујорк и натаму без пораз во НБА лигата
Металург трпеливо ќе го топи Киелце
Аргентинците без муниција против Саудиска Арабија
На Мајами не му лежат гостувањата во Лос Анџелес
(ВИДЕО) Неверојатен гол на Ибрахимовиќ против Англија
Федерер бара побрзи терени
Брајант разочаран од Џексон, верува во Дантони
(ФОТОВЕСТ) Репрезентативците донираа за Боро Стаиќ
Кожув декласиран во Самоков
ХНС на удар за расизам на мечот со Македонија
Сто милиони фунти за англискиот првак од ТВ-правата
(ВИДЕО) Меси по четврти пат МВП во Примера
Лејкерси поразени од Сан Антонио, Њујорк и натаму гази
Јаневски - Резултатот со Словенија не е неважен
Хандановиќ - Штета што не игра Пандев
Новак инспириран од битката на татко му со болеста
Тери не ги скинал лигаментите на коленото
Леброн го извади Мајами во Хјустон
Македонија ќе тестира, Словенија сака да поентира
Трофејот од Лондон за Ѓоковиќ
Оташевиќ нов играч на МЗТ Скопје Аеродром
„13 Ноември“ за Димовски и за Металург
Меси пред Пеле по број на голови во една година
Мајк Д'Антони нов тренер на Лејкерси
Интер повторно на минус четири од Јувентус
Втора победа во серија на Лејкерси
Ѓоковиќ и Федерер во финалето на Мастерсот во Лондон
(ФОТО) МЗТ Скопје ја надигра и Цедевита

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Претежно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 1°C

Сабота
Сончево
Макс: 15°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (3)
Владетелот и совладетелката. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ИНТЕРВЈУ) Ни треба отворање кон меѓународната публика
Синдромот на преголема амбициозност и непотребно комплицирање е карактеристичен за мала, изолирана средина, вели режисер...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон Јованка |