Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
15.11.2012, 12:40
На Мајами не му лежат гостувањата во Лос Анџелес



Детроит повеќе не е на нула на гостувањето кај Филаделфија славеше со убедливи 94:76 за прва победа сезонава

За Мајами гостувањата кај Клиперси и понатаму ќе останат нерешлива енигма. Бранителот на круната повторно не успеа да слави во Лос Анџелес, Леброн Џејмс и неговата дружина овој пат беа совладани со 107:100 за петти пораз во серија против овој противник.

„Кралот“ со 30 поени беше најефикасен на теренот, но домашниот состав имаше многу повеќе расположени поединци. Петмина кошаркари завршија со двоцифрен број на поени, а први ѕвезди во тимот беа Блејк Грифин со 20 п��ени и 14 скока, како и Крис Пол со 16 поени и десет асистенции. Голем придонес во триумфот имаше играчот од клупата, Џамал Крафорд кој реализираше 22 поени.

„Можевме да одиграме уште подобро. Не смееме да за успиеме по оваа победа“, вели Грифин на кого се надополнува неговиот клупски колега Пол. „Многу е рано. Не сакаме да се залажуваме. Наша задача е секоја вечер да играме на овој начин“.

За Мајами ова е трети пораз сезона, претходно беше совладан од Њујорк и Мемфис, по што сега шампионот веќе не делува убедливо. Причината за слабата игра на „жешките“ секако е и недоволно опоравениот Двејн Вејд, кој на овој меч постигна само шест поени. Реј Ален со 14 поени беше втор стрелец што доволно кажува играта што ја прикажале во Лос Анџелес.

Детроит стави крај на серија од осум порази по ред и тоа со доминантна кошаркарска претстава во Филаделфија каде славеше со 94:76.

„Ваков почеток секого би разочарал, но воопшто не се сомневавме дека ќе добиеме натпревар. Кога ќе ја заслужиме победата, тогаш и ќе ја земеме“, изјави по средбата стратегот на Пистонси, Лоренс Френк.

Главен јунак на мечот беше Грег Монро со 19 поени и 18 скока.

По триумфот над Мајами, Мемфис доби уште едно големо име и тоа на гостински терен. „Гризлите“ немаа милост за Оклахома и ја совладаа со убедливи 107:97.

Руди Геј со 28 поени и Зек Рендолф со 20 поени и 11 скока беа предводници до големиот триумф.

„Тие се најдобри во Западот, ние допрва треба да дојдеме на тоа ниво“, коментира крилниот-центар на Мемфис, Рендолф.

Резултати: Оклахома - Мемфис 97:107, Минесота - Шарлот 87:89, Милвоки - Индијана 99:85, Хјустон - Њу Орлеанс 100:96, Филаделфија - Детроит 76:94, Бостон - Јута 98:93, Феникс - Чикаго 106:112, Далас - Вашингтон 107:101, Голден Стејт - Атланта 92:88, Лос Анџелес Клиперс - Мајами 107:100.

Меџик Џонсон: Лејкерси ангажираа погрешен тренер

Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс Меџик Џонсон, со кого овој клуб дојде до пет шампионски титули верува дека управата со доведувањето на Мајк Дантони на тренерското место направила голема грешка.

„Немам доверба во Џим Бас (извршен директор на Лејкерс). Според мене тој веќе направи две критични грешки“, вели Џонсон. „Прво го вработи Мајк Браун. Тој е одличен теренер, но не е вистинскиот избор за Лејкерси, а мислам дека ниту Мајк Дантони не е добро решение за тимот, особено кога на располагање го имате Фил Џексон, кој имаше желба да се врати. Џим Бас одлучи дека не го сака Џексон, а му даде шанса на Дантони. И ова е во ред, но зошто не кажавте? Навивачите две вечери по ред го скандираа името на Фил Џексон“, вели легендата на НБА.

За постетување генералниот менаџер на „езерџиите“, Мајк Купчак веднаш по смената на Мајк Браун разговараше со најтрофејниот тренер во лигата. Иако Џексон беше подготвен повторно да се врати на тренерската работа, сепак во клубот одлучија дека Дантони е најдоброто решение.



Статијата е прочитана 225 пати.

Испрати коментар



Илиевски му пресуди на Жалгирис
Њујорк и натаму без пораз во НБА лигата
Металург трпеливо ќе го топи Киелце
Аргентинците без муниција против Саудиска Арабија
(ВИДЕО) Неверојатен гол на Ибрахимовиќ против Англија
(ФОТО) Јубилејна 50. победа на Македонија во историјата
Федерер бара побрзи терени
Брајант разочаран од Џексон, верува во Дантони
(ФОТОВЕСТ) Репрезентативците донираа за Боро Стаиќ
Кожув декласиран во Самоков
ХНС на удар за расизам на мечот со Македонија
Сто милиони фунти за англискиот првак од ТВ-правата
(ВИДЕО) Меси по четврти пат МВП во Примера
Лејкерси поразени од Сан Антонио, Њујорк и натаму гази
Јаневски - Резултатот со Словенија не е неважен
Хандановиќ - Штета што не игра Пандев
Новак инспириран од битката на татко му со болеста
Тери не ги скинал лигаментите на коленото
Леброн го извади Мајами во Хјустон
Македонија ќе тестира, Словенија сака да поентира
Трофејот од Лондон за Ѓоковиќ
Оташевиќ нов играч на МЗТ Скопје Аеродром
„13 Ноември“ за Димовски и за Металург
Меси пред Пеле по број на голови во една година
Мајк Д'Антони нов тренер на Лејкерси
Интер повторно на минус четири од Јувентус
Втора победа во серија на Лејкерси
Ѓоковиќ и Федерер во финалето на Мастерсот во Лондон
(ФОТО) МЗТ Скопје ја надигра и Цедевита

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 12°C

Претежно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 13°C, Мин: 1°C

Сабота
Сончево
Макс: 15°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – Титова Совладетелка (3)
Владетелот и совладетелката. „Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Настани
(ИНТЕРВЈУ) Ни треба отворање кон меѓународната публика
Синдромот на преголема амбициозност и непотребно комплицирање е карактеристичен за мала, изолирана средина, вели режисер...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон Јованка |