12.11.2012, 15:46 „13 Ноември“ за Димовски и за Металург
Ракометарот на Металург и на репрезентацијата на Македонија, Ванчо Димовски, е годинашниот добитник на наградата „13 Ноември“, која традиционално ја доделува Сојузот на спортови на Скопје во чест на денот на ослободувањето на главниот град. На Димовски признанието му беше врачено денеска на свеченоста на која неговиот клуб ја доби наградата за најдобар спортски колектив.
Назми Али од борачкиот клуб Тефејуз е најдобар тренер, а ќе бидат наградени и професорите Дејан Димитриевиќ од ОУ „Гоце Делчев“ и Томислав Христов од ДСУ „Владо Тасевски“. За најдобри спортски работници се именувани Михајло Михајловски, Бранко Крстевски и Ленин Јовановски, а Тоде Георгиевски, како и новинарите Миодраг Мицковиќ и Зоран Михајлов ќе добијат награди за животно дело.
|