| 13.11.2012, 13:01Манекенка брутално мачена и убиена во Нови Сад 
 
  
 Безживотното тело на познатата манекенка од Нови Сад Владислава Чевренко (25) е пронајдено синоќа во стан на 12 кат на улица број 6 во Нови Сад“, изјавил истражниот судија Мирослав Алимпиќ.
 
 Телото на девојката, која е жртва на бруталното убиство е пронајдено на подот на спалната соба, а вратата била разбиена. По пристигнувањето полицијата на телото на манекенката забележала многубројни повреди за кои се претпоставува дека се направени со тап предмет.
 
 На телото се видливи бројни повреди, а доказите на самото место укажуваат дека убиството се случило попладнете“, изјавил Алимпиќ.
 
 Полицијата е во пот��ага по Дарјан М. (25) кој е осомничен за стореното дело.
 
 |