13.11.2012, 12:45 Интерактивни табли од Телеком за училиштата во Македонија
„Македонски Телеком“ а.д. – Скопје во соработка со Министерството за образование и наука започна постапка за набавка на интерактивни електронски табли кои ќе бидат донирани на повеќе училишта во Република Македонија.
Министерството за образование и наука соопшти дека изготви посебни критериуми врз основа на кои училиштата ќе аплицираат за добивање на овие интерактивни табли.
Интерактивни електронски табли се во рамки на активностите за воведување повеќе интерактивни технологии и создавање можности за подобро образование за сите ученици и студенти. Во училиштата во Македонија веќе постои инфраструктура и потенцијал за поголемо вклучување на технологијата во наставниот процес. Со новите интерактивни табли, наставниците ќе можат слободно да создаваат содржини со кои ќе ги збогатат своите предавања, ќе им дадат повеќе знаење на децата и подобро ќе ги подготват за во иднина, се вели во соопштението од Министерството за образование и наука.
Македонски Телеком“ а.д. – Скопје и Министерството соработуваа и на проектот „Компјутер за секој ученик“, како и при обезбедувањето интернет конекција во училиштата и студентските домови во Република Македонија.гв/са/12:32
|