13.11.2012, 12:00 Во сила забраната за лов на пастрмка на Дебарско Езеро и Радика
Во сила е забраната за лов на пастрмка на Дебарско Езеро и Радика, која ќе трае до 31 јануари наредната година.
Одлуката за тоа е донесена врз основа на Законот за рибарство поради перидот на мрестење на овој вид риба.
- Во овој тримесечен период строго е забрането ловење на овој вид риба, а кон оние кои нема да ја почитуваат одлуката ќе се превземат сите законски мерки. За време на овој период ниту концесионерот на езерото, З.З. „Охридска пастрмка“ не може да врши порибување без да има специјална дозвола за тоа, која треба да ја добие од Министертвото, изјави Лири Делиши началник на Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство во Дебар.
Според него освен редовната рибочуварска служба што ја воведе концесионерот, контролата на езерото ќе биде зајакната и од страна на другите надлежни служби, со цел заштита на пастрмката од нелегално ловење и заштита на приордниот мрест на истата. |