13.11.2012, 12:07 Груевски во Прага ќе се сретне со чешкиот премиер Нечас
Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Прага ќе се сретне со претседателот на чешката Влада Петр Нечас.
Премиерите ќе разговараат за можностите за продлабочување на економските односи меѓу двете земји и за интеграцијата на Македонија во евро-атлантските структури, јави дописникот на МИА од Чешка.
Претседателот на Владата на Република Македонија вчера имаше обраќање на пленарна седница на 58. годишното заседание на Парламентарното собрание (ПС) на НАТО, што од 9 до 12 ноември се одржува во Прага.
На маргините на Парламентарното собрание Груевски оствари неформална средба со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, на која двајцата размениле мислења и информации околу реформите што ги спроведува нашата земја, како и околу евроатланската интеграција на Македонија.
|