13.11.2012, 13:45 Кери фаворит за министер за одбрана, Рајс за државен секретар
Сенаторот демократ од државата Масачусетс Џон Кери е најверојатниот наследник на Леон Панета на чело на Пентагон, пишува денеска весникот „Вашингтон пост“.
Назначувањето на Кери за министер за одбрана е дел од сериозните разместувања во тимот за проблемите за безбедноста на претседателот Обама, кој треба да најде наследник на шефот на ЦИА Дејвид Петреус.
За најверојатен иден државен секретар на САД е посочена досегашната постојана претставничка на Вашингтон во ОН Сузан Рајс, тврди „Вашингтон пост“.
За директорското место во ЦИА треба да се подготвува Џон Бренан, ��оветник на претседателот по прашањата за борба против тероризмот.
Постои веројаност Бренан да се повлече од владата, затоа Обама има и резервен план за ЦИА - сегашниот вршител на должност директор Мајкл Морал.
Весникот ја добил информацијата од владини извори, кои предупредиле дека консултациите околу смената на миистерот за одбрана, државниот секретар и шефот на ЦИА се уште се во почетна фаза. нд/12:49
|