13.11.2012, 12:32 Почна ексхумацијата на Јасер Арафат
Во Рамала изутринава почна отварањето на мазолејот на поранешниот палестински лидер Јасер Арафат, изјави претставник на неговото семејството. Телото на Арафат се ексхумира поради новата истрага, со цел да се откријат причините за неговата смрт. Работите на ексхумацијата ќе траат најмалку 15 дена.
За повеќемина смртта на Арафат, кој почина во француска болница во ноември 2004 година ќе остане загонетка, иако официјално беше соопштено дека тој починал од мозочен удар. Тоа доведе до појава на конспиративни теории, дека бил болен од рак, од сида или дека бил отруен.
Новата истрага е отворена, откако швајцарската лабораториј�� откри траги од смртоносен радиактивен изотоп на облеката, за која се тврди дека е на Арафат. Тоа ги поттикна сомневањата дека палестинскиот лидер бил отруен. |