Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
13.11.2012, 15:18
Нападната базата со македонски војници во Кабул



Министерот Фатмир Бесими телефонски разговараше со војниците. За, среќа нема повредени меѓу нив

Четири ракети денеска изутрина завршија во близина на базата во која се сместени македонските војници кои учествуваат во силите на ИСАФ во Кабул, Авганистан. За среќа повредени нема. Министерот за одбрана Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ, Горанчо Котески вчера од касарната во Тетово телефонски контактираа со војниците за од „прва рака“ да се информираат за случувањата во базата.

„Имав директен контакт со командантот на нашите сили. Информацијата е дека имало вооружен напад, но дека нема никакви последици по припадниците на АРМ. Нашите припадници се подготвени да продолжат да ги извршуваат своите задачи за кои се наоѓаат во Авганистан“, информираше министерот Бесими во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово.

Според извори од министерството, нападот се случил во раните утрински часови, а четирите ракети завршиле во близина на базата, но животите на нашите војници во ниту еден момент не биле загрозени.

Како што јавуваат светските агенции, ова е прв напад на Кабул по оној во септември, кога загинаа осум јужно Африканци и четворица Авганистанци. Во ракетниот напад едно лице загинало, а тројца се повредени откако ракета избувнала во близина на зградата на авганистанската разузнавачка агенција во Кабул, а две други на пат за аеродромот и до приватна ТВ станица. Началникот на полицијата во Кабул, Ајоб Саланги изјавил дека ракетите биле истрелани од источните делови на главниот град. Засега никој не преземал одговорнст за ракетниот напад.

Веста за нападот на војниците во Кабул се прошири за време на посетата на министерот Бесими на касарната во Тетово, каде се разговараше за трансформацијата и преструктурањето на АРМ, како и за развојот на нејзините способности.

На средбата учествуваа и највисоките претставници на оружените сили на АРМ меѓу кои началникот на Генералштабот, генерал мајор Горанчо Котески, Обраќајќи им се на војниците и старешините, министерот Бесими рече дека вакви работи се одржуваат во сите касарни во земјата, дека претставуваат дел од проектот „Стандард“ чија основна цел е подобрување на условите за работа во касарните.

Министерот Бесими рече дека како последица на светската економска криза се чувствува рестрикција на буџетот за одбрана. Тоа условува да останат малку средства за модернизација и опремување. Сепак, Бесими рече дека поголем дел од новите униформи веќе се пристигнати и дека се работи на реновирање на дел од касарните заради подобрување на условите за работа. „Решение се бара во рационализација и преориентација. Во рамки на НАТО се промовира паметна одбрана која базира на принципите на специјализација, приоритизација и мултинационални решенија“, рече Бесими.

На средбата во касарната во Тетово министерот подвлече: „Сепак сметаме дека има потреба од повеќе средства за одбраната. Владата покажа спремност да се предвидат дополнителни средства, до колку буџетот за обрана биде условуван за членство во НАТО. Никогаш нема да дозволиме да се стави под знак на прашалник нашето членство во НАТО гледано од аспект на потребниот буџет за реализација на реформите, учество во меѓународните мировни мисии и исполнување на стандардите на НАТО“, нагласи министерот.(Г.Е-Д.Т.)







Статијата е прочитана 1770 пати.

Испрати коментар



Воениот лидер на Хамас убиен во изралески воздушен напад
Обама застана зад генералот Ален
Грчките работници му се приклучија на европскиот протест
(ФОТО) На Клинички ќе се штрајкува до договор со министерот
По признавање од Франција, сириските бунтовници може да добијат оружје
СДСМ со кривична пријава против непознат сторител за скандалот „Телеком“
„Тојота“ повлекува 2,77 милиони автомобили
Биометриските документи ќе станат главен филтер
Орбан - Името да не биде пречка за почеток на преговорите со ЕУ
Хрватскиот вицепремиер Чачиќ мора во затвор
Во Русија во сила новиот закон за велепредавство
„Златна зора“ под истрага за граничниот инцидент
Тракторист од Куманово загина кај Кратово
Навивачи со нож повредиле средношколец
Светски ден на борба против дијабетесот
Еден загинат во судир на три возила во Преспа
Македонија и Индонезија ќе ја интензивираат соработката
„Виси“ и деветтиот тендер за ОХИС
Гордон - Решение за името e неопходно за НАТО
Админстративците ќе се изначекаат за поголеми плати
(ВИДЕО) Две жртви во железничка несреќа во Црна Гора
Уапсен убиецот на манекенката од Нови Сад
ММФ се подготвува за нова фаза на грчката криза
(ФОТО) Започна штрајкот на лекарите
Светот лани постигна неславен рекорд на емисии на штетни гасови
Чесите заинтересирани за инвестирање во Македонија
Руфи Османи се двоуми за повторна кандидатура во Гостивар
Грција исклучена од гасоводот „Јужен тек“
Европа се мобилизира на Денот за солидарност и акција
Македонската група во новиот Конгрес со член повеќе
Груевски во Будимпешта ќе се сретне со унгарскиот премиер
Поддршка од Нечас за почеток на преговорите за членство во ЕУ
ХЕЦ „Тиквеш“ годинава произвела 94 милиони киловат-часови електрична енергија
Во Франција има околу 300.000 „евтини“ странски работници
Чибишев - Лекарите од токсикологија нема да штрајкуваат
Ставрески - Македонија сигурно ќе биде дел од „Јужен тeк“
(ФОТО) Почит за ослободителите на Скопје
Македонија по десетти пат ќе се разеленува на 21 ноември
(ФОТО) Донација од МПМ и Државна лотарија за народните кујни
Ослободување од над 400 предмети за клевета
Владата ќе го следи одлевањето на капиталот од странските компании
Кери фаворит за министер за одбрана, Рајс за државен секретар
Вартоломеј и Стефан се поздравија по погребот на Максим
Автобуската станица во Скопје доби безжичен интернет
Манекенка брутално мачена и убиена во Нови Сад
Интерактивни електронски табли од Телеком за училиштата во Македонија
Почна ексхумацијата на Јасер Арафат
Груевски во Прага ќе се сретне со чешкиот премиер Нечас
Либерализација на постапката за регистрирање домени
Во сила забраната за лов на пастрмка на Дебарско Езеро и Радика
И американски командант во Авганистан во љубовна афера
Њујорк бара 30 милијарди долари за санација по налетот на „Сенди“
„Фејсбук“ блокира профили на „Златна зора“
Еврогрупата го продолжи рокот за фискално прилагодување на Грција
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето
И Романија најавува блокирање
Грција
Загадениот воздух годишно убива 1.350 лица
Пронајдени човечки коски и делови од облека
Судот укажува на забрана за изнесување информации за „Монструм“
Вигенин - Реакциите кон Македонија и носат негативен имиџ на Бугарија
Младенов - Бугарија нема проблем со Македонија
СДСМ - Стечајците да земаат по 100 евра месечно
Постои потенцијал за продлабочување на соработката со Виетнам
Гонејќи дива свиња, го застрелал својот пријател
Со обуки ќе се унапредува капацитетот на граничната полиција
Мора да ја надминеме статус кво ситуацијата за членство во НАТО
Пахор и Тирк ќе се соочат во вториот круг на претседателските избори во Словенија
Лав избегал од кафез на циркуска претстава во Кавадарци
Собранието одлучи - клеветата веќе не е кривично дело
Се воведува систем за надворешна контрола на личните податоци
Државата со јавно наддавање ќе продава имот на Драган Даравелски
Нови оставки во Би-Би-Си
Со добра идеја, знаење и упорност до сопствен бизнис
Расмусен - Вратите на НАТО се отворени за нови членки
Груевски на Парламентарното собрание на НАТО
Експлозија во северниот дел на Косовска Митровица
(ФОТО) Две жртви во силна експлозија во Индијанаполис
(ФОТО) Поплавите на Хаити однесоа 17 жртви
Ердоган - Смртна казна за Брејвик
(ФОТО) Венеција под вода
Министерот Попоски во посета на Виетнам
Загина 18-годишна девојка, седуммина повредени
Роднините на загинатите од бродот „Илинден“ бараат пет милиони евра
Во Струмица потече природниот гас
Пронајдено мртво 17-годишно момче кај стара железничка



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (1)
Жените на Тито
Настани
(ВИДЕО) Две жртви во железничка несреќа во Црна Гора
Несреќата се случила вчера попладне, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пру...
Светски ден на борба против дијабетесот
Меѓународната федерација за дијабатес проценува дека 366 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а бројот на заболени&nb...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |