13.11.2012, 10:03 Њујорк бара 30 милијарди долари за санација по налетот на „Сенди“
Гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо, побара од федералните власти во Вашингтон 30 милијарди долари за обновување на штетите од налетот на ураганот Сенди.
Во деталниот список, кој е испратен во Вашингтон, биле побарани 3,5 милијарди долари за обновување на мостовите, тунелите, подземните и надземните железници, и 1,65 милијарди долари за обновување на куќите и зградите уништени во бурата.
Милијарди долари се потребни и за надомест на локалните власти за трошоците за прекувремена работа за полицијата, пожарникарите и останатите екипи за вонредни ситуации.
Неколку милијарди долари кредити и грантови од федерално ниво ќе бидат потребни и за заздравување на погодените деловни објекти.
Се проценува дека штетата причинета од Сенди ќе надмине 50 милијарди долари.
Американскиот претседател Барак Обама в четврток ќе го посети Њујорк за да види како напредуваат работите за обновување на градот, во кој се уште 125.000 луѓе немаат струја. |