Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
13.11.2012, 09:12
Трофејот од Лондон за Ѓоковиќ



Федерер имаше значајно водство во двата сета во финалето на завршниот турнир во сезоната, но клучните поени ги доби Србинот, кој славеше со 7-6, 7-5

Сите тројца најдобри светски тенисери имаа свои моменти во 2012, но Новак Ѓоковиќ ја заврши годината гледајќи од високо на своите ривали, откако со победата над Роже Федерер во арената „02“ во Лондон ја освои титулата на „АТП ворлд тур фајналс“. Србинот пролеа и пот и крв пред да го детронизира Федерер со 7-6, 7-5 во претставата што донесе климакс за сеќавање на извонредната сезона во машкиот тенис. Откако на Австралија опен во јануари го крена својот петти гренд-слем трофеј по речиси шестчасовна епска битка со Рафаел Надал, владеењето на Ѓоковиќ се најде на удар и на Федерер и на Британецот Енди Мари, но, победувајќи ги обајцата во Лондон, тој како доминантна сила ќе влезе во 2013 година.

До дуелот со Хуан Мартин дел Потро во рамките на групата пред речиси една седмица, вториот светски рекет Федерер беше несовладлив на турнирот по неговото преселување во Лондон во 2009 година и атакуваше на хет-трик во зданието покрај Темза што го одзема здивот. Имајќи ја поддршката на мнозинството од 17.000 гледачи на трибините, Швајцарецот имаше значајни водства во двата сета, во кои покажа дел од брилијантноста типична за него, но ненадејно беше запрен во својот поход од 25-годишниот противник.

Ѓоковиќ, кој ги загуби двата претходни меѓусебни дуела со 17-кратниот гренд-слем шампион и губеше со 16:12 во пресметките со него од 2006 година наваму, имаше 0-3 во гемови по само осум минути од почетокот на мечот, а потоа се соочи и со водство на Швајцарецот од 5-3 во вториот сет. Но, и во двата случаја Ѓоковиќ го извлече последниот атом од силите, го даде најдоброто од себе и триумфира по два часа и 14 минути игра.

„Ја имав искусено неговата агресивност порано и навистина се обидував да му дадам свој белег на мечот“, изјави Ѓоковиќ. „Се обидов да се убедам себеси дека ќе го свртам дуелот и ќе се борам. И тоа повторно се случи. Успеав да го испорачам најдоброто кога ми беше најпотребно“.

Ова е негова втора титула на завршниот турнир во сезоната по таа во Шангај 2008, а заедно со неа го доби и џекпотот од 1,76 милиони долари за стопроцентниот ефект на елитниот турнир на кој се игра по принципот секој со секого. Од друга страна, за 31-годишниот Федерер, кој ја освои својата седма титула на Вимблдон годинава и извесен период го дислоцира Ѓоковиќ од првото место на АТП-листата, уривајќи го рекордот на Пит Сампрас од 286 седмици на чело на ранкингот, остана фрустрацијата, но тој има малку за што да жали.

„Мораш да ја поминеш целната линија во сетот, а потоа, се разбира, и во мечот. Тој беше подобар во тоа денеска“, рече Федерер, кој годинава играше и во олимпиското финале во сингл, во кое беше совладан од Мари. „Имаше огромен притисок и публиката беше добра, па беше забавно да се игра. Мислам дека ова беше фантастична сезона“.

Федерер ја заврши годината со 71 победа, одигра десет финалиња, а Ѓоковиќ ја надмина ѕвездената 2011, во која освои три од четирите гренд-слем турнири, и со победата над Швајцарецот стигна до 75 победи сезонава.

Ова беше само четврти пат во 43-годишната историја на т.н. мастерс-куп во финалето да се сретнат двајцата најдобри светски тенисери, а променливиот и непредвидлив дуел ги оправда очекувањата пред мечот. Федерер, атакувајќи на седмата титула со која би го проширил својот рекорд, ги освои првите девт поени во мечот на патот до водството од 3-0. Швајцарскиот маестро, со сите свои извонредни движења и умешност со рекетот, не можеше да и' поверува на својата среќа, бидејќи секое топче што ќе го удреше Ѓоковиќ на почетокот завршуваше во мрежата или надвор од теренот. Но, не помина долго до израмнувањето на битката. Ѓоковиќ брзо ја надомести негативата, дојде до 3-3 и подоцна сервираше за освојување на првиот сет при 5-4, откако направи брејк во маратонскиот деветти гем со шест израмнувања, кој го обележаа грешките на Федерер на форхенд. Србинот, сепак, не ја искористи сет-топката, а во следниот гем Федерер, условно речено, му пушти крв, шетајќи го по теренот се' додека Ѓоковиќ не падна со болна гримаса. Му беше укажана лекарска помош на расечениот лакот, но се врати во игра, го одведе сетот во тај-брејк и го доби со 8-6, и покрај тоа што Федерер ја спаси втората сет-топка со неверојатен рефлексен волеј, кревајќи ја на нозе публиката, која го скандираше неговото име.

И вториот сет се одвиваше на сличен начин. Федерер направи брејк уште во првиот гем и ја чуваше предноста до 5-4 и 40-15 на свој сервис. Се чинеше дека мечот ќе има и трет сет, но тогаш бранителот на трофејот со два лошо одиграни поена му овозможи на противникот да се спаси, а тој го прифати подарокот со раширени раце. Два гема подоцна токму Ѓоковиќ сервираше за мечот, но тој не направи грешка.






Статијата е прочитана 1629 пати.

Испрати коментар



Јубилејна 50. победа на Македонија во историјата
Федерер бара побрзи терени
Брајант разочаран од Џексон, верува во Дантони
(ФОТОВЕСТ) Репрезентативците донираа за Боро Стаиќ
Кожув декласиран во Самоков
ХНС на удар за расизам на мечот со Македонија
Сто милиони фунти за англискиот првак од ТВ-правата
(ВИДЕО) Меси по четврти пат МВП во Примера
Лејкерси поразени од Сан Антонио, Њујорк и натаму гази
Јаневски - Резултатот со Словенија не е неважен
Хандановиќ - Штета што не игра Пандев
Новак инспириран од битката на татко му со болеста
Тери не ги скинал лигаментите на коленото
Леброн го извади Мајами во Хјустон
Македонија ќе тестира, Словенија сака да поентира
Оташевиќ нов играч на МЗТ Скопје Аеродром
„13 Ноември“ за Димовски и за Металург
Меси пред Пеле по број на голови во една година
Мајк Д'Антони нов тренер на Лејкерси
Интер повторно на минус четири од Јувентус
Втора победа во серија на Лејкерси
Ѓоковиќ и Федерер во финалето на Мастерсот во Лондон
(ФОТО) МЗТ Скопје ја надигра и Цедевита



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Облачно

Среда
Обилни врнежи
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (1)
Жените на Тито
Настани
(ВИДЕО) Две жртви во железничка несреќа во Црна Гора
Несреќата се случила вчера попладне, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пру...
Светски ден на борба против дијабетесот
Меѓународната федерација за дијабатес проценува дека 366 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а бројот на заболени&nb...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |