12.11.2012, 12:23 Судот и забрани на Хали Бери да ја поведе ќерката во Франција
Судот во Лос Анџелес пресудил во корист на поранешното момче на славната актерка, Габриел Обри, кој се противел на преселбата на нивната четиригодишна ќерка во Европа
Барањето на актерката Хали Бери трајно да се пресели во Франција со ќерката Нала, е одбиен. Судот во Лос Анџелес пресудил во корист на поранешното момче на славната актерка, Габриел Обри, кој се противел на преселбата на нивната четиригодишна ќерка во Европа.
Актерката сакала со свршеникот Оливие Мартинез да започне заеднички живот во Париз. Веќе со месеци се бори за своите права, но судот смета дека нема право да ја раздели Нала од татко и.
Од друга страна, 44-годишната актерка е уверена дека преселбата во Европа би било добро за девојчето, зашто би имала посигурен и посмирен живот. Имено, папараците во Лос Анџелес се немилосрдни и не ги оставаат актерката и нејзиното семејство на мир. Актерката се жалела на одлуката и ја продолжува битката за преселба.
|