Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
05.11.2012, 12:38

Почнуваат 21. СКОМРАХИ, посветени на Август Стриндберг



Со претставата „Пеликанот“ од шведскиот писател и драматург вечерва на Факултетот за драмски уметности свечено ќе бидат отворени студентските средби кои ќе траат до 10 ноември

Со претставата „Пеликанот“ од шведскиот писател и драматург Август Стриндберг вечерва на Факултетот за драмски уметности свечено ќе бидат отворени 21-те студентски средби СКОМРАХИ кои ќе траат до 10 ноември. Првпат годинава се тематски - посветени на Стриндберг, по повод одбележувањето 100 години од неговата смрт.

Токму за овој фестивал ова дело е првпат директно преведено ��д шведски на македонски, албански и на турски јазик. Вечер ќе биде извдено на македонски,а истиот текст на „Пеликан“ на четирите јазици ќе биде изведен од студентите од регионот на последната фестивалска претстава.

Деканот на Факултетот за драмски уметности Лазар Секуловски на прес-конференција информираше дека СКОМРАХИ првпат почнува да работи ваков тематски проект, во соработка со Шведската амбасада. Тој нагласи дека основна идеја на интернационалните студентски средби СКОМРАХИ веќе 20 години е размена на искуствата меѓу студентите, но и професорите.

На СКОМРАХИ годинава учествуваат 12 факултети од Скопје, Приштина, Белград, Тирана, Стокхолм, Софија, Сараево и од Загреб, заедно со програмата резервирана за филмските проекции.

Шведскиот амбасадор Ларс Валунд на прес-конференцијата истакна дека Стриндберг спаѓа во златната ера на скандинавската уметност и литература кога таа доминирала како никогаш порано. Во рамки на СКОМРАХИ ќе бидат одржани и три тематски работилници поврзани со Стриндберг



Статијата е прочитана 213 пати.

Испрати коментар



Нобеловецот Мо Јан близок со член на Шведската академија?
Почнува „Локомоушн“, танц-фестивал за 2.600 евра
Композиторот Елиот Картер почина на 104 години
Изложба на уметникот Владимир Лукаш
(ФОТО) Опасен спот на Елена Ристеска
Киселичка и Коловски настапија на њујоршката сцена
Новиот филм на Владимир Блажевски во Котбус
Џорџ Лукас подарува четири милијарди долари за образование
Доделени наградите на „ФАДФ Камера 300“
Проекција на „Трето полувреме“ на американскиот маркет
Краткиот филм „Шумарот“ ја освои Норвешка
„ХТЦ Виндоус фон 8Х“ во салоните на „Вип“
Пирамидата во Пјонгјанг ќе биде највисокиот хотел во светот
Филмот за Мајкл Џексон доаѓа во Скопје
Се продава масата на која е напишан романот „Дракула“
Борјан Цанев настапува со Софиската филхармонија
Концерт на Македонската филхармонија со Марсел Калифе
Почвата на Марс слична со почвата на Хаваите

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Делумно облачно

Вторник
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 7°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (45)
Инцидентот на Бајкалско Езеро. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Интервју -Цената на станбениот квадрат нема да паѓа
Д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежната компанија „Адора инженеринг“, очекува рамноправни услови за работа на дом...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |