Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
11.11.2012, 13:08

Филмот „Трето полувреме“ прикажан во Њујорк

Проекцијата, која воедно беше и хуманитарен настан за собирање помош за жртвите на ураганот „Сенди“, ја отвори д-р Срѓан Керим, кој за филмот рече дека е потсетник на потребата да се бориме против злото во луѓето

.Филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, македонскиот кандидат за номинација за „Оскар“, во саботата вечерта беше премиерно прикажан во Њујорк. Проекцијата, која наедно беше и хуманитарен настан за собирање помош за жртвите на ураганот „Сенди“, ја отвори д-р Срѓан Керим, кој за филмот рече дека е потсетник на потребата да се бориме против з��ото во луѓето. Филмот беше прикажан пред стотина уметници, дипломати и други гости во киносалата на „Трибека гранд хотел“, во центарот на Њујорк во која се одржува познатиот „Трибека филмски фестивал“. Меѓу гостите беа и познатиот македонски научник Горазд Росоклија, амбасадорот на Македонија во ОН, Пајо Авировиќ, и конзулот Звонко Муцунски, директорот на Дирекцијата на технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, актери, луѓе од актерскиот, но и од манекенскиот свет.

„Идејата на Дарко да ја претстави борбата на злото, меѓу најлошиот дел од човечката психа, за едно од најмонструозните злосторства кога било извршени, и љубовта, во рамките на љубовна приказна, е многу интересна. Идејата му е да ја прикаже оваа постојана борба меѓу доброто и злото, за добрата волја, силната волја, љубовта и чувствата да надвладеат на крајот на денот. Тоа е пораката. Но, оваа порака има универзален карактер, бидејќи мораме да бидеме свесни дека злото е секогаш околу нас, со нас и во нас. Како да го спречиме, да го победиме, тоа е прашањето. Сигурен сум дека заедно со мене ќе видиме еден од можните начини за тоа. Тоа е големиот придонес на еден храбар режисер и одличниот тим што тој го собра. Ќе видите дека ние, од Македонија, придонесуваме кон тоа, на јазик што секој од нас може да го разбере“, рече на отворањето д-р Срѓан Керим, кој во обраќањето потсети дека Њујорк неодамна беше посетен од непоканетиот гостин, ураганот наречен „Сенди“.

„Како и сите непоканети гости, таа беше непредвидлива и многу тешка, и предизвика големи штети. По 11 септември, тоа беше нова катастрофа за Њујорк, и траума за сите нас. Луѓето велат дека ураганите се природни катастрофи, но јас не го делам тоа мислење. Сметам дека ’Сенди‘ е зло кое е создадено од човекот. Колку помалку се грижиме за климатските промени, толку повеќе последици ќе има врз нас. Ова е типичен пример како глобалното затоплување влијае врз нашата планета. Тоа беше мој приоритет во Генералното собрание на ОН и така и ќе остане. Ве повикувам да бидеме сојузници, да работиме со сите наши сили да ја зачуваме нашата планета“, потенцираше Керим.

„Оваа е само една од низата проекции што ги организираме додека тече оскаровската кампања за овој филм. Убаво е да се биде тука, најубаво е да си провериш дали емоциите кои функционираат пред домашната публика работат и пред странската публика. Ова е трета американска проекција и ми дава за право да заклучам дека не само што реагираат туку реагираат и погласно. Сето тоа што ’Трето полувреме‘ сака да го пренесе како порака и да го раскаже допира до овие луѓе“, изјави режисерот Дарко Митревски, кој додаде дека следниот чекор за филмот е промоција во киносалите низ Соединетите Американски Држави. Митревски, кој на крајот на проекцијата беше награден со бурен аплауз, објасни како дошол до идејата за „Трето полувреме“, работејќи на документарна серија за македонскиот фудбал.

Пред гледачите, тој зборуваше за својата средба со Нета Коен, врз која е заснован ликот на Ребека Коен од филмот. Истакна дека филмот бил направен во соработка со фондацијата „Шоа“, основана од Стивен Спилберг, која собира видеозаписи од жртвите на холокаустот, меѓу кои снимиле разговор и со Нета Коен.

„Поминав два часа во нејзиниот дом и Нета Коен ми ја раскажа својата приказна. Како се заљубила во сиромашен христијанин - фудбалер, како татко и' не ја одобрил нејзината љубов и како побегнала со него. Семејството се откажало од неа, што на крајот и' го спасило и животот, бидејќи не била на списоците за депортација. На крајот ми покажа црно-бели фотографии, браќата, сестрите, роднините, сите исчезнати во гасните комори во Треблинка. Тоа беше многу емотивна средба. Нета плачеше, ги гушкаше сликите. Единствената фотографија во боја што ми ја покажа беше од нејзините синови, внуци, снаите, големо семејство и се сврти да каже - погледнете што направив, преку мене, мојата крвна рода се спаси“, раскажа режисерот.

Ѕвездата на вечерта, манекенката и актерка во филмот Катарина Ивановска, која ја толкува улогата на Ребека Коен, пак, посочи дека филмот го гледала повеќепати.

„Ова е петти пат и немам толку трема, но имаше многу публика, мои пријатели и се плашев како ќе реагираат. Но, на крај си заминаа со насмевка и мислам дека им се допадна многу филмот“, рече таа по проекцијата.


Статијата е прочитана 1107 пати.

Испрати коментар



„Животот на Пи“ и Џемс Бонд ќе го отворат киното во Скопје сити мол
(ФОТО) Се е подготвено за „Скопски фестивал“
(ФОТО) „Помеѓу рајот и пеколот“ награден во Швајцарија
Карл Лагерфилд го нацрта Обама како готвач
Кира Најтли - Никој не ги гледа моите гради
(ФОТО) „Феникс“ ја отвори првата евтина книжарница во земјава
На главната вечер на „Таксират“ - Кирил Џајковски
„Најубавите песни“ на Каролина
Машала, Ријана се соблече!
Бондовиот „Скајфол“ урива рекорди во САД
Архивот Бужаровски во дигитална форма
Циклус на Карлос Саура во Кинотека
Елпида Хаџи Василева ќе не' претставува на 55. Венециско биенале
(ФОТО) Триумф на Тејлор Свифт и Џастин Бибер
Ристо Лазаров награден со „Дијалог“ за „Ситночекорка“
Судот и забрани на Хали Бери да ја поведе ќерката во Франција
Деми Мур прогласена за најпосакувана средовечна жена
Елтон Џон сака уште едно дете преку сурогат-мајка
Промовирана „Македонскиот 19 век“ на Горан Калоѓера
Викенд со мирисот на пита-пастрмалија
Во Велес отворена 8. Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори‘‘
Петар Темелковски добитник на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко‘‘
Промовирана книгата „Господ не е голем“ на Кристофер Хичинс
Премиeра на филмот „Трето полувреме” во Њујорк
(ФОТО) Филхармонијата ќе се всели во новиот објект во 2014 година
Во Бугарија пронајдена златна ризница стара 2.400 години
Во три месеци два пати освоила премија на лото
„Македонски лекарственици од 19 век“ од Михајло Георгиевски
Промовирана тритомна „Историја на црногорската книжевност“
(ФОТО) Концертот на Масимо набиен со емоции
Фестивалот „Синедејс“ ќе понуди 107 филмови
По Сенди, скапоцените ангели шетаа во Њујорк
Монографија за актерот Мите Грозданов
Промовирана книгата „Скопје и Старата скопска чаршија“
Филмскиот фонд распиша четири конкурси
Супер радио влезе во Гинис
„Суперхикс“ ќе упаѓа во средни училишта
Поповиќ ја преболува Северина со Марија Каран
Нобеловецот Мо Јан близок со член на Шведската академија?
Почнува „Локомоушн“, танц-фестивал за 2.600 евра
Композиторот Елиот Картер почина на 104 години
Изложба на уметникот Владимир Лукаш
(ФОТО) Опасен спот на Елена Ристеска
Киселичка и Коловски настапија на њујоршката сцена
Новиот филм на Владимир Блажевски во Котбус
Џорџ Лукас подарува четири милијарди долари за образование
Почнуваат 21. СКОМРАХИ, посветени на Август Стриндберг
Доделени наградите на „ФАДФ Камера 300“
Проекција на „Трето полувреме“ на американскиот маркет
Краткиот филм „Шумарот“ ја освои Норвешка
„ХТЦ Виндоус фон 8Х“ во салоните на „Вип“
Пирамидата во Пјонгјанг ќе биде највисокиот хотел во светот
Филмот за Мајкл Џексон доаѓа во Скопје
Се продава масата на која е напишан романот „Дракула“
Борјан Цанев настапува со Софиската филхармонија
Концерт на Македонската филхармонија со Марсел Калифе
Почвата на Марс слична со почвата на Хаваите



Vo spomen na Norman Davis..., 11.11.2012 16:02:24
Neka bide ova i nota vo spomen na mojot prijatel Noraman Davis, Makedonec po semejtno poteklo od Postol a osnovac na Evrejskiot Centar vo Seattle...Toj siot svoj zivot go imase posveteno na sobiranje artefakti za i okolu Makedonija, makedonskite dinastii...a ima podareno besceni koloekcii na muzejot vo Seattle.
Kiril, 11.11.2012 22:09:03
Bravo Darko, Katarina i celiot tim....Da ve gledame pri dodeluvanjeto na oskarite!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Ситен дожд

Среда
Грмотевици со дожд
Макс: 13°C, Мин: 4°C

Четврток
Локални грмотевици
Макс: 14°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова совладетелка (1)
Жените на Тито
Настани
(ВИДЕО) Две жртви во железничка несреќа во Црна Гора
Несреќата се случила вчера попладне, кога воз налетал на железничка градежна машина, која била поставена во тунел на пру...
Светски ден на борба против дијабетесот
Меѓународната федерација за дијабатес проценува дека 366 милиони луѓе во светот имаат дијабетес, а бројот на заболени&nb...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |