Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
09.11.2012, 13:15

(ФОТО) Филхармонијата ќе се всели во новиот објект во 2014 година 

Македонската филхармонија за две години ќе одбележи 70 години од основањето до кога треба да биде готова и новата концертна сала

ФОТО: Киро Попов

Концертната сала на Македонската филхармонија, која е во фаза на изградба, според министерката Елизабета Канческа-Милевска, ќе биде готова идната година кога Филхармонијата ќе одбележува 70 години од основањето. Тогаш и, конечно, оваа национална институција ќе се пресели во новиот објект, од сегашното свое привремено седиште во Домот на АРМ во Скопје.

Според ��иректорката на Македонската филхармонија, Маја Чаначевиќ, изградбата на новиот објект ќе реши едно горливо прашање за институцијата.

„За две недели прославуваме 68 години од основањето на оваа единствена и најзначајна музичка институција во нашата држава, која низ годините остана без сопствен дом. Принудени сме да работиме во салата на Домот на АРМ, судирајќи се со сите тешкотии, во зима е со провев, покривот прокиснува, во лето е премногу топло. Но, сега се' надминуваме полесно знаејќи дека многу скоро ќе си дојдеме дома. Ова за нас веќе е дома“, изјави денеска директорката на Филхармонијата, Маја Чанаќевиќ, пред објектот во изградба, при посетата на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Министерката за култура денеска потсети дека во изминатиот период при изградбата на новиот објект се водела грижа за неговиот акустичен дел, што се смета за многу важен за функционалноста и поврзаноста на двете сали со просториите за вежбање.

„До милиметар се внимава на сите параметри за акустиката. Квалитетот е многу битен зашто тоа е голема концертна сала со две сали, големата е со околу 1.100 седишта, а малата за камерни оркестри има околу 400 седишта. Објектот е доста сложен, се трудиме максимално сето ова да биде завршено во 2014 година, кога Македонската филхармонија има јубилеј што ќе го одбележиме со овој значаен и долго очекуван капитален објект“, рече Канческа-Милевска.

Новиот објект се гради од 25 март 2009 година кога беа и поставени темелите на просторот меѓу Македонската опера и балет и Факултетот за музичка уметност. Идејното решение е на архитектот Виктор Михајлов, а во решавањето на внатрешноста на објектот и во технолошкото моделирање учествува Јорг Кумел, еден од најпознатите акустичари во светот. Освен споменатите две концертни сали, објектот ќе содржи и одделни вежбалници за изведувачи на разни видови инструменти и подземно паркиралиште. Изведувач на работите е австриската компанија „Алпине Бау“. Освен споменатите две концертни сали, објектот ќе содржи и одделни вежбалници за изведувачи на разни видови инструменти и подземно паркиралиште. (К.Р.)


Статијата е прочитана 1454 пати.

Испрати коментар



Елтон Џон сака уште едно дете преку сурогат-мајка
Промовирана „Македонскиот 19 век“ на Горан Калоѓера
Викенд со мирисот на пита-пастрмалија
Филмот „Трето полувреме“ прикажан во Њујорк
Во Велес отворена 8. Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори‘‘
Петар Темелковски добитник на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко‘‘
Промовирана книгата „Господ не е голем“ на Кристофер Хичинс
Премиeра на филмот „Трето полувреме” во Њујорк
Во Бугарија пронајдена златна ризница стара 2.400 години
Во три месеци два пати освоила премија на лото
„Македонски лекарственици од 19 век“ од Михајло Георгиевски
Промовирана тритомна „Историја на црногорската книжевност“
(ФОТО) Концертот на Масимо набиен со емоции
Фестивалот „Синедејс“ ќе понуди 107 филмови
По Сенди, скапоцените ангели шетаа во Њујорк
Монографија за актерот Мите Грозданов
Промовирана книгата „Скопје и Старата скопска чаршија“
Филмскиот фонд распиша четири конкурси
Супер радио влезе во Гинис
„Суперхикс“ ќе упаѓа во средни училишта
Поповиќ ја преболува Северина со Марија Каран
Нобеловецот Мо Јан близок со член на Шведската академија?
Почнува „Локомоушн“, танц-фестивал за 2.600 евра
Композиторот Елиот Картер почина на 104 години
Изложба на уметникот Владимир Лукаш
(ФОТО) Опасен спот на Елена Ристеска
Киселичка и Коловски настапија на њујоршката сцена
Новиот филм на Владимир Блажевски во Котбус
Џорџ Лукас подарува четири милијарди долари за образование
Почнуваат 21. СКОМРАХИ, посветени на Август Стриндберг
Доделени наградите на „ФАДФ Камера 300“
Проекција на „Трето полувреме“ на американскиот маркет
Краткиот филм „Шумарот“ ја освои Норвешка
„ХТЦ Виндоус фон 8Х“ во салоните на „Вип“
Пирамидата во Пјонгјанг ќе биде највисокиот хотел во светот
Филмот за Мајкл Џексон доаѓа во Скопје
Се продава масата на која е напишан романот „Дракула“
Борјан Цанев настапува со Софиската филхармонија
Концерт на Македонската филхармонија со Марсел Калифе
Почвата на Марс слична со почвата на Хаваите



AA, 09.11.2012 15:30:19
Да не е грешка 70 години од оснувањето?

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 8°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 14°C, Мин: 3°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 17°C, Мин: 6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (48)
Напуштена и гладна. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Музите на Хичкок и денес икони на стилот
Хероината на Хичкок не може да биде заменета со денешните старлети - таа не е бомбастична русокоса, туку грациозна дама...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |