11.11.2012, 14:56 Елтон Џон сака уште едно дете преку сурогат-мајка
Пејачот во последно време често се слуша со жената која го родила неговиот син
Елтон Џон и Дејвид Фурниш, кои го имаат двегодишниот син Захари, сакаат сурогат-мајка да им роди уште едно дете. Тие двајцата планираат да постигнат договор си истата жена, која им го родила синот.
Елтон Џон (65) толку добро се снаоѓа во улога а родител што би сакал малечкиот Захари да добие брат или сестра. Како што пренесува „Сан“, пејачот во последно време често се слуша со жената која го родила неговиот син.
„Нему и на Дејвид таа жена им стана блиска како сестра. Ако повторно ��е согласи да им роди дете, ќе биде адекватно наградена, а нејзиниот идентитет ќе остане во тајност“, изјавил извор близок на парот.
Захари е роден така што сурогат-мајката е оплодена со помешана сперма на Елтон и Дејвид, а се претпоставува дека постапката и овој пат ќе биде иста. |