Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
08.11.2012, 15:33
Фестивалот „Синедејс“ ќе понуди 107 филмови



Отворањето на Фестивалот на европски филм е на 15 ноември со словенечкиот филм „Шангај“

Под мотото „Да ја исплакнеме сапуницата од себе, помалку сапун, повеќе филм“ годинешниот Фестивал на европски филм „Синедејс“ ќе понуди 107 филмски наслови. Фестивалот ќе се одржи од 15-ти до 25 ноември во киносалите „Милениум“, „Фросина“ и во Кинотеката на Македонија.

Во официјалната програма годинава се вклучени десет млади европски автори. Регионалната програма „Синебалкан“ќе понуди седум филма, а ова издание воведува и програма на европски филмови во кои учествуваат македонски филмски работници насловена МКиЕУ, во која има пет наслови. За оваа година организаторот МКЦ ќе понуди и 40 гала премиери за 40 години од постоењето на Младинскиот културен центар, а во чии рамки ќе можат да се видат новите остварувања на: Копола, Ханеке, Бертолучи, Кроненберг.

Отворањето на фестивалот е планирано за 15 ноември со премиерата на словенечкиот филм „Шангај“ на Марко Наберсник, во кој игра Висар Вишка. А за првиот ден е резервирана и премиерата на филмот на Иштван Сабо „Врата“ со Хелен Мирен и Мартина Гедек во главните улоги.

Во програмата „Земја во фокусот“ оваа година е кинематографијата на Египет, а во нејзини рамки ќе бидат прикажани документарни филмови за Арапската пролет. Селектор на оваа програма е Шериф Авад, филмски уредник на списанието Egypt Today, кој е и член на жирито за главната конкуренција. Членови на жирито се и: македонскиот режисер Вардан Тозија и Јан Харлан, познат како продуцент на филмовите на Стенли Кјубрик. Харлан се очекува да пристигне во Македонија, а меѓу останатите гости се и познатиот германски режисер Андреас Дресен, потоа српскиот режисер Горан Паскалјевиќ, со чиј филм „Кога ќе се раздени“ ќе се затвори фестивалот, како и младата авторка Маја Милош, чиј „Клип“ крена голема прашина.

„Синедејс“ ќе има и неколку музички документарци, кратки филмови од македонската продукција, првпат и поетски филмови, како и неколку придружни настани. Буџетот за фестивалот е околу 1,5 милион денари обезбедени од Град Скопје, Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје. Влезниците за сите проекции ќе бидат 100 денари. (К.Р.)




Статијата е прочитана 517 пати.

Испрати коментар



Во Велес отворена 8. Сликарско-копаничарска колонија „Папрадишки мајстори‘‘
Петар Темелковски добитник на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко‘‘
Промовирана книгата „Господ не е голем“ на Кристофер Хичинс
Премиeра на филмот „Трето полувреме” во Њујорк
(ФОТО) Филхармонијата ќе се всели во новиот објект во 2014 година
Во Бугарија пронајдена златна ризница стара 2.400 години
Во три месеци два пати освоила премија на лото
„Македонски лекарственици од 19 век“ од Михајло Георгиевски
Промовирана тритомна „Историја на црногорската книжевност“
(ФОТО) Концертот на Масимо набиен со емоции
По Сенди, скапоцените ангели шетаа во Њујорк
Монографија за актерот Мите Грозданов
Промовирана книгата „Скопје и Старата скопска чаршија“
Филмскиот фонд распиша четири конкурси
Супер радио влезе во Гинис
„Суперхикс“ ќе упаѓа во средни училишта
Поповиќ ја преболува Северина со Марија Каран
Нобеловецот Мо Јан близок со член на Шведската академија?
Почнува „Локомоушн“, танц-фестивал за 2.600 евра
Композиторот Елиот Картер почина на 104 години
Изложба на уметникот Владимир Лукаш
(ФОТО) Опасен спот на Елена Ристеска
Киселичка и Коловски настапија на њујоршката сцена
Новиот филм на Владимир Блажевски во Котбус
Џорџ Лукас подарува четири милијарди долари за образование
Почнуваат 21. СКОМРАХИ, посветени на Август Стриндберг
Доделени наградите на „ФАДФ Камера 300“
Проекција на „Трето полувреме“ на американскиот маркет
Краткиот филм „Шумарот“ ја освои Норвешка
„ХТЦ Виндоус фон 8Х“ во салоните на „Вип“
Пирамидата во Пјонгјанг ќе биде највисокиот хотел во светот
Филмот за Мајкл Џексон доаѓа во Скопје
Се продава масата на која е напишан романот „Дракула“
Борјан Цанев настапува со Софиската филхармонија
Концерт на Македонската филхармонија со Марсел Калифе
Почвата на Марс слична со почвата на Хаваите

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -2°C

Ведро

Недела
Ведро
Макс: 16°C, Мин: 2°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 16°C, Мин: 5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (48)
Напуштена и гладна. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Музите на Хичкок и денес икони на стилот
Хероината на Хичкок не може да биде заменета со денешните старлети - таа не е бомбастична русокоса, туку грациозна дама...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |