Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
08.11.2012, 14:30

Ограничени дискусиите за законот за бранители, Села ќе го пали Собранието



Седницата на Комисија за труд и социјала е прекината и ќе продолжи в понеделник, до кога се очекува на албански јазик да бидат преведени и доставени сите 15.571 амандмани

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска ги изгласа ограничувањата на времетраењето на обраќањата на дискусиите за амандаманите поднесени за Предлог-законот за бранители. Седницата е прекината и ќе продолжи в понеделник, до кога се очекува на албански јазик да бидат преведени и доставени сите 15.571 амандман.

Партиите од македо��скиот блок - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како етничко мнозинство во Комисијата за труд и социјална политика, лесно го изгласаа ограничувањето на дискусиите за Законот за бранители на 10 минути, како и на репликите и контрарепликите на три минути. Но, нејасно е кој и како ќе го мери времето, бидејќи во собраниските сали каде што расправаат работните тела нема мерач на времето како на пленарните седници.

„Со едно гласање во оваа држава може да се направи се'. Ајде да гласаме на Веле Георгиевски да му изградиме куќа. Или да гласаме сите овие новинари што седат во галеријата да ги ставиме во затвор. Или ајде да гласаме и да прогласиме вонредна состојба. Навистина не ми е јасно што се случува во ова Собрание“, порача од говорницата пратеникот на ДПА, Зијадин Села.

Пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети Деваја, која се обиде со долги процедурални забелешки да ја блокира Комисијата (по што следеше ново гласање и нивно ограничување), предупреди дека општествената дебата, во моментите кога очекуваме датум за преговори со ЕУ, се сведува на етнички блокови.

„Овие предлози беа изгласани етнички, гласаше само едната страна. Ни се случува суспензија на демократијата. Оваа дебата ќе биде опасна последица по перспективите на државата. Вие направивте преседан. Мислите лесно беше Фатмир Бесими да клекне пред борците од македонската страна“, ги праша Деваја, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Објаснувајќи и на пратеничката група на ДУИ како вистински може да се спречи донесувањето на законот за бранители, пратеникот на ДПА Зијадин Села, инаку познат по радикални ставови, уште еднаш излета од шините на демократијата и парламентарната култура.

„Знаете како се блокира Законот? Кога по последниот амандман ќе го запалиме Собранието“, се загуби Села во времето, за кое вчера се водеше тешка „бранителска“ битка.

Бидејќи не сакаше да ја напушти говорницата, претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Цветанка Иванова, ја прекина седницата, по што Села извади запалка од џепот за да и' даде креативен шмек на својата теза, небаре се наоѓа на концерт на Металика.

На седницата, на барање на Иванова, беше повикан и генералниот секретар на Собранието Жарко Денковски, кој информираше дека бил известен од раководителот на собраниската служба за превод дека до петок, најдоцна до сабота, сите 15.571 амандман ќе бидат преведени. По ова продолжението на седницата е закажано за понеделник во 11 часот.



Статијата е прочитана 2166 пати.

Испрати коментар



Иринеј - Нема разговори со МПЦ додека Вранишковски не биде ослободен
Конфискуваниот имот на јавно наддавање
Николиќ - Србија е подготвена да посредува меѓу Грција и Македонија
Ревитализација на железничките делници Табановце-Куманово и Миравци-Смоквица
Шефот на ЦИА поднесе оставка поради љубовна афера
Едвард Џозеф - Обама ќе задржи континуитет кон Македонија
Папуљас го скрши молкот за одговорот на Меморандумот
Германија го скрои буџетот со нови долгови
Се опремува фабриката што ќе произведува за „Мерцедес“
Пар-непар во Њујорк
И папата ќе се обраќа онлајн
Црвенковски се сретна со Месиќ
Николиќ се понуди да ги смирува Скопје и Атина
СДСМ - Трајановски ја злоупотребува функцијата
Реконструкција на гостиварското двојно убиство
Одржливо управување со ресурсите за поблаги климатски промени
Првиот апликант за советник во здравството со IQ 156
Одржливо управување со ресурсите за поблаги климатски промени
Навредата и клеветата декриминализирани
Од 1 јануари либерализација на транспортот меѓу Македонија и БиХ
Македонија има институционален капацитет за преговори со ЕУ
Македонија интензивно се подготвува за „Јужен тек“
Поминаа измените на Изборниот законик
Кенијка роди близнаци - Барак Обама и Мит Ромни
Софија и Атина да не ги попречуваат интересите на ЕУ и Македонија
Конференција за влијанието на климатските промени во земјоделството
ОПЕК ја намали прогнозата за светската побарувачка на нафта
Масовни протести во Аргентина против претседателката Кирхнер
Србија донесе закон за амнестија
Силен земјотрес во реонот на Фукушима
„Телеком“ и „Т-мобиле“ со профит од 30,6 милиони евра во третиот квартал
Затворен режисерот на антиисламистичкиот филм
Фејсбук ја срамоти бугарската полиција
Една жртва и 19 повредени на концерт на „Линкин парк“
Миреј Балестра е првата жена избрана за претседател на Интерпол
Советник од Кисела Вода шверцувал хероин
Тодоров бара Ајнштајн советници
На листата на 16 најинтелигентни се и тројца балканци
(ФОТО) Отворена реконтруираната „Козле“
Од отровите во ОХИС има спас, треба да се најдат пари
Се укинува мерката за условен увоз на брашно
Ултрадесничарите до Самарас - Имате ли договор со Скопје?
(ФОТО) Европратеникот Ховит го посети основното училиште „Димо Хаџи Димов“
Владата го усвои предлог планот за евроинтеграции
По „Сенди“, ново невреме ги погоди Њујорк и Њу Џерси
Гостиварка добила ќотек од сопругот
Бискупот од Дарам е новиот надбискуп на англиканската црква
Проширувањето на ЕУ нема да запре
Новата вакцина против ХИВ ја мина првата фаза
Продолжува собраниската расправа за Изборниот законик
Оли Рен - Грчкиот долг е неодржлив
Груевски - Се определивме за длабоки, фундаментални реформи
Индексите паднаа, а нафтата поевтини по реизборот на Обама
Меркел ја предупреди Британија да не излегува од ЕУ
Најмалку 48 луѓе загинаа во силниот земјотрес во Гватемала
Словенија нема пари за старите штедачи на „Љубљанска банка“
Четворица Тибеќани се самозапалија
Изгласан новиот пакет мерки за Грција
Расправата за бранителите пред ограничување
(ВИДЕО) Скопје 2014 во новиот спот на Macedonia Timeless
Стипе Месиќ почесен граѓанин на Тетово
Една компанија подигнала документација за ОХИС
Обвинителството чека потврда од Босна за нова истрага
Пресечен канал за шверцување мигранти од Азија и Африка
ОН и Брисел охрабрени од одговорот на меморандумот
Нови правила за барателите на азил
Од декемврискиот самит на ЕУ ќе зависи развојот на земјата
Западен Балкан во рецесија
Иванов се дружеше со граѓаните
Македонските земјоделски производи имаат одличен квалитет
Проект на УСАИД за експанзија на мали бизниси
Стартуваат евтините кредити за компаниите
Српската полиција го уапси „газда Нини“
Средба на министерот Попоски со Свилановиќ
Кумановец ја претепал сопругата и ја затворил во багажник
Ховит - Преговорите со ЕУ треба да почнат
Комисијата за економски прашања во грчкиот Парламент ги одобри мерките за штедење
Политички Берлин дипломатски воздржан по посетата на Арифи
Кенедиeви се вратија во Конгресот
Честитка од Иванов до Обама по повод реизборот
Волерс - Продолжуваат силните врски на САД со Македонија
Почнува Агрофуд 2012.
Обама - За САД најдоброто допрва доаѓа
(ФОТО) Американска изборна ноќ во Скопје
Републиканците победија во Претставничкиот дом, демократите го задржаа Сенатот
Ромни ја призна победата на Обама
Втор мандат за Барак Обама
Бојко Борисов со грчка реторика



Stojko, 08.11.2012 19:14:52
Запалка че вади на сред собр��ние? За такви - само Ранковиќ!
Pali Sobranie - da se organizirame!, 08.11.2012 20:31:38
Nikako ne mozam da ja razberam ovaa situacija okolu Predlog-Zakonot za branitelie. Prvo, toj predlog nema skoro nikakva razlika vo odnos na vazechkiot zakon, a toj pa nishto ne nudi na branitelite, za koi na Gruevski toboze tolku mu stalo. Pa od tuka i zoshto takva zestoka reakcija na uck-ite? Vtoro, ako nekoj zakon (kako ovoj) ili proekt (kako SK-14), od bilo koi prichini, namesto podrshka, ima tolkav otpor, treba da se ostavi za podobri vreminja ili da se celosno odstapi od takvata namera. Najgore e da se odi so inaet i glava preku zjid. A ovde, tokmu toa se raboti. I se bi bilo svatlivo da DUI ne glasashe za doverba na vladata. Ovaka, vo stilot, lud-zbunjenog! A zbuneti sme po obichaj - povtorno nie! Pali svetlo!
Mark, 08.11.2012 20:49:38
Hm, se sprema nesto uste pozapalivo - DPMNE spremalo spotovi vo koi direktno go obvinuva SDSM za atentat vrz Boris Trajkovski! Nastrana sto e monstruozno i umobolno (ako e vistina deka go pravat ova) tuku so toa indirektno se obvinuvaat i KFOR i Amerikancite! Mislam deka bezumnosta na tajfata na Gruevski ovoj pat ke ja premine crtata i toa sto ke im se vrati ke bide *vrlo, vrlo neugodno* za niv!?
Љупчо, 08.11.2012 21:59:02
И да го запали Собранието, како што е работата ќе го амнестирате, а понатаму можеби и ќе го вметнете во законот за бранителите. Жто викаат соседите од север Тражили сте, гледајте.
alan ford, 08.11.2012 22:44:05
kasno e veke...ni rankovic ne pomaga... otide vozot. pravat sto sakaat, a najgolemoto tek doadja. ko prezivi - pricake

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 14°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 13°C, Мин: -1°C

Недела
Ведро
Макс: 16°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (48)
Напуштена и гладна. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Фестивалот носи иновативни идеи
Искра Шукарова, програмска директорка на фестивалот за современ танц „Локомоушн“...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |