08.11.2012, 16:39 Една жртва и 19 повредени на концерт на „Линкин парк“
Една жена загина, и 19 се повредени откако се урна скеле на стадион во јужноафриканскиот град Кејптаун, во момент кога калифорниската група „Линкин парк“ се подготвувалa за настап.
Несреќата се случила пред стадионот „Гринпоинт“, откако поради силен ветер, едно привремено подигнато скеле се урнало врз група луѓе. Дванаесет лица се хоспитализирани.
Рок групата која го одржала концертот не знаејќи за несреќата, подоцна изразиле „длабоко жалење и загриженост за повредените“.
Групата „Линкин парк“ во моментот се наоѓа на турнеја во Јужна Африка. нд/16:26
|