08.11.2012, 12:52 Куманово го декласира Ѓуро Ѓаковиќ
Кумановци брзо се рехабилитираа по убедливиот пораз од минатото коло и на домашен терен го совлада хрватскиот тим со убедливи 83:67
Екипата на Куманово брзо се рехабилитираше по убедливиот пораз од минатото коло и на домашен терен го совлада хрватскиот тим Ѓуро Ѓаковиќ со убедливи 83:67 за втора победа во БИБЛ лигата.
Избраниците на Љубуслав Луковиќ одиграа доста неивзесен натпревар. Откако во првата четвртина имаа позитива од 25:12 на полувремето му дозволија на противникот да се доближи на само два поени. Кумановската публика беше сведок на интересна кошаркарска престава, откако во третиот ��ериод гостинскиот табор дојде до водство од пет поени 50:55 на сцена настапи триото Димчевски - Костоски - Јаневски. Овие кошаркари се погрижи на крајот својот тим да дојде до убедлив триумф.
Димчевски реализирше 24 поени, а Костоски имаше 19 поени и седум асистенции. На другата страна Марино Шарлија со 19 поени беше најрасположениот кошаркар.
По четвртото коло Куманово е на второто место на табелата во групата А зад водечкиот изралески тим Гали Гилбоа.
Нареден противник на македоснкиот преставник е бугарскиот состав на Левски, а мечот повторно ќе се игра во Куманово. (М.К.)
|