01.11.2012, 15:22 Битолчанец собра печурка за Гинис
Битолчанецот Кире Наневски, долгогодишен собирач на печурки наишол на редок примерок на печурка од сортата „пуфка“. Печурката тежи над 15 килограми и како што самиот вели, е печурка за Гинис. Џиновскиот примерок го открил во атарот на битолското село Доленци.
„Од секогаш сум берел печурки, тоа ми е како пасија. Сум наишол и на печурки тешки по неколку килограми, но никогаш не оваа големина. Ова е вистински деликатес“ вели Наневски. (А.Б.)
|