Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.11.2012, 17:05

ДУИ: Ист третман за сите од 2001

Албанскиот партнер во Владата е цврсто решен да го блокира законот за бранители што го предложи ВМРО-ДПМНЕ

Татјана Поповска

Македонија има потреба од закон кој ќе го третира прашањето на припадниците на безбедносните сили, но тој закон треба да биде сеопфатен и да ги исполнува потребите на сите учесници во конфликтот од 2001 година. Ова денеска го препорача пратеничката од ДУИ, Ермира Мехмети-Деваја, која во име на партијата на Али Ахмети повтори дека нема да дозволат во Собранието да биде усвоен законот за бранители, кој го оцени како контроверзен и се заканува да го наруши принципот на соживот предводен во Рамковниот договор. Прашањето за потребата од ваков закон ДУИ го реафирмира во исто време кога аналитичарот Сашо Клековски во интервју за порталот „Прес 24“ ја нагласува потребата од усвојување на закон за цивилни жртви, со кој ќе се реши прашањето на припадниците на ОНА, на цивилните жртви и на раселените лица.

Мехмети-Деваја оценува дека мора да се реши прашањето на припадниците на ОНА, повикувајќи се на сугестијата од Европската комисија во Извештајот за напредокот на Македонија, каде што е наведено дека „владините партнери треба да најдат решение за жртвите од конфликтот во 2001 година“.

„Ние се залагаме да се решат проблемите, а не да го продлабочуваме јазот на поделби меѓу Албанците и Македонците, со контроверзен и едностран закон. Ова е време за помирување, не за раздор, за обединување, а не за поделби, за разбирање меѓу етничките заедници, а не на разединување. ДУИ ќе продолжи да се спротивставува на донесувањето на овој закон, со сите институционални механизми предвидени во Деловникот и Законот за Собранието. Нашата работа е принципиелна, не е уценувачка“.

Мехмети-Деваја е децидна дека за ова прашање не може да има договор меѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, се' додека се наметнува еднострано решение кое некого исклучува и ја поларизира атмосферата и политичкиот амбиент во државата. Вели дека на дневна основа владините партнери имаат комуникација, но за ова прашање разликите остануваат.

На прашањето како може за нив да биде прифатливо да седат во иста Влада чиј премиер го поддржува овој закон, Мехмети-Деваја со одговор:

„Така како што ние седиме во таа Влада и велиме дека таков закон нема да биде донесен. Станува збор за принципи на партнерство и на рамноправен начин се спротивставуваме на решенија кои за нас како учесници во владината коалиција се неприфатливи. Партнерски ги гледаме прашањата, партнерски не се согласуваме и партнерски се спротивставуваме“.

Поднесувањето на предлог-законот за бранители, според Клековски, може да се перцепира како проблем, но и како можност за разрешување на проблемите од 2001 година.

„Расправата за законот за бранителите, треба да се употреби за аргументирана расправа и како можност за разрешување на прашањето за цивилните жртви. Иронија е што командантите на ОНА се на врвни државни функции, а сме згрозени од можноста за одредени права за обичните припадници на ОНА. Меѓународните стандарди велат дека не може да се изедначат во правата сторителите на кривични дела, но тоа не значи дека не треба да има мерки за ресоцијализација, кои треба да им помогнат на припадниците на ОНА во целосното враќање во цивилниот живот“, порачува Клековски.

Во ДУИ денеска не сакаа да коментираат дали посебен закон за цивилни жртви може да биде решение за статусот на припадниците на ОНА, но нагласија дека инсистираат припадниците на безбедносните сили и борците на ОНА да имаат исти права и привилегии. Коментар за предлогот на Клековски немаше и во ВМРО-ДПМНЕ, од каде што порачаа дека решение за овој проблем гледаат во законот за бранители кој веќе е во собраниска процедура.


Статијата е прочитана 2044 пати.

Испрати коментар



Специјални укази за гласањето во поплавените делови на Њујорк и Њу Џерси
Обама му честиташе на Ромни на кампањата
Републиканците реагираат за неправилности во Пенсилванија
Сурфање со 3Г-стик на „Вип“
Македонија ќе добие 75 милиони евра од Љубљанска банка?
Атина ќе го анализира писмото на Попоски
Барометар за администрацијата
СДСМ - Предлог-буџетот не нуди решенија за проблемите на граѓаните
Вељаноски го одби барањето за помош од ДУИ
Груевски - Буџетот е со највисоки капитални инвестиции
Ограбена „Дуна Компјутери“ во ГТЦ
Милошоски - Одговорот на Меморандумот навремен и тактички добар
Почнаа изборите во САД со гласање во девет сојузни држави
Ваучери за компјутери за студенти од социјално загрозени семејства
Сочуство од Иванов до Плевнелиев за смртта на патријархот Максим
Медиумите во Грција засега без коментар за одговорот на меморандумот
БиХ отвора нова истрага за авионската несреќа на Трајковски
Фајон - Одложувањето на преговорите лошо за Македонија, регионот и ЕУ
Американските астронаути гласаа на претседателските избори
Мико - Телефонски разговор на Клинтон не може да замени посета на Македонија
Норвешкиот нафтен фонд е најголем во светот
Во Рим потпишан Меморандум за соработка меѓу МВР и Австралиската полиција
Нов 48-часовен штрајк во Грција
Kривична пријава за измама на туристи против „Летс Травел“
Путин го разреши министерот за одбрана Сердјуков
САД избираат нов претседател
Г-20 си дадоа дополнително време за кастрење на буџетските дефицити
Почина бугарскиот патријарх Максим
Владата не планира попис ниту следната година
Македонија и' одговори на Грција
Разгорена војната меѓу министерот и лекарите
Бојко Борисов со грчка реторика
Берачи на костени пронашле мртов маж
Фатен убиецот од „Али Баба“
Лустриран поранешен струшки градоначалник
Романија го одложува влезот во еврозоната
СДСМ обвинува за изборни манипулации со доселени гласачи
Романија го одложува влезот во еврозоната
Њујорк бара 40.000 топли станови за жртвите од ураганот
Попоски - Зголемена комуникација со Бугарија за поголема доверба
Најмалку 50 сириски војници убиени во Хама
Напишал проштално писмо и го преживеал ураганот Сенди
Две лица повредени од експлозија на плинска боца
Македонија претставена на Глобалниот саем за туризам во Лондон
Бензините поевтинуваат за 4,5, а дизелот за 1,5 денари
Руско оружје за Сирија согласно советски договори
Кампања на ОХО за намалување на отпадот
Николиќ имал инцидент на автопатот Белград-Ниш
Четврото продолжение на 45.седница во Собранието
Самарас гo предупреди Парламентот да ги изгласа мерките за штедење
Првиот атомски носач на авиони замина во историјата
Поразот на „Вашингтон Редскинс“ - лош предзнак за Обама?
Тадиќ се повлече од челната позиција во Демократската партија
(ФОТО) Груевски ги наполни со голови снимателите и фоторепортерите
Хелсиншки комитет апелира да престанат заканите за „Аман“
СДСМ - Буџетот нема да ја реши кризата
Анкета - Водат ВМРО-ДПМНЕ и Груевски
Г.г.Стефан - Нишкиот договор не важи, потребно е ново решение
Во Градски парк ќе се гради катна гаража
До социјална парична помош само со лична карта
Епископот Тавадрос - нов поглавар на Коптската црква
Менхетен доби струја
Добра година за тиквешките лозари
Во автобус откриени мигранти од Сомалија
Старец пронајден мртов во опожарена куќа во Гостивар
Состанок на Г-20 за кризата во еврозоната
Нимиц се надева на брзо решение
Проблеми во сообраќајот заради одрони на патот Маврови Анови-Дебар
Бугарија не ја поддржува по секоја цена Македонија кон НАТО и ЕУ
Контрапротестанти се обиделе да го растурат протестот на АМАН
„Коалиција за живот“ ја буди свеста за наталитетот во Македонија
Населбата Карпош 3 доби нов плоштад со фонтана
Владата го утврди Предлог буџетот за 2013 година
Разведени лезбејки делат имот во Македонија
Клинтон до Иванов - Сите сакаат да ве видат во НАТО
Македонска државјанка во Швајцарија осудена на 32 месеци затвор
Бројот на жртвите од „Сенди“ се искачи на 106
И Обама и Ромни најавуваат победа во пресрет на изборите
Попоски до Младенов - Можеме да градиме добрососедски односи
Атина го чека одговорот
Големата полутопка се удомува над Собранието
Бунтовници масакрирале сириски војници
Познати добитниците на наградата „13 Ноември“
(ФОТО) ДУИ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за диктатура
Наскоро паричниците ќе ги замениме со мобилни
Во „Микросам“ врвни експер��и по роботика и композити
Убиецот од „Биг Фиш“ останува во притвор
(ФОТО) Итна медицинска помош доби 69 нови возила
Златна зора како граничари на преминот Дојран
Независна Шкотска автоматски ќе стане членка на ЕУ
(ФОТО) Њујорк се соочува со недостиг на гориво и храна
Владата со нови мерки за развој на бањскиот туризам
Новиот Буџет нема да биде поголем од годинешниот
Писмо со сочуство од Иванов до Обама за настраданите во ураганот Сенди
Орав - Никој нема гаранции што ќе се случи во декември
Mетеоролозите најавуваат нова бура во САД
Грчкиот новинар ослободен од обвинувањата
Амандманите за Законот за бранители пред Комисијата за труд
Не помина интерпелацијата за претседателот на РКЕ
Реконструиран паркингот спроти „Нова Македонија“
„Мојот ум не размислува за перење пари“
Преку кампањи ќе се учат како да препознаваат депресија
Опозицијата ја обвини Регулаторна за нетранспарентна работа
Почна електронското полагање на возачки испит
Потврдена затворската казна за Панде Лазаров
Министерот барал списоци на лекарите штрајкувачи?
Амандманите на Законот за бранители доставени до пратениците
Иванов до Плевнелиев - Сакаме да разговораме за иднината
Битолчанец собра печурка за Гинис
Пожар во фабриката на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу
Јавниот сектор ќе стави рака врз граѓанскиот
Обвинувањата на Софија за добрососедските односи се нереални
Попоски - Подготвен одговорот на грчкиот Меморандум
Мобилни шалтери за даночни услуги
Храбар старец избрка разбојници
Февруарските пензии „подебели“ за 550 денари за сите пензионери
Николиќ - Време е за решение за Косово
Изгубен клуч што отвора 180 ќелии во белгиски затвор
Хилари Клинтон допатува во Тирана
Четири лица повредени при престрелка на Универзитетот на Јужна Калифорнија
Убиство на Ноќта на вештерките во Тетово
Бесплатни прегледи во Систина Офталмологија
Уште еден новинар уапсен во Грција за тајни сметки
Собранието ќе расправа за интерпелација на претседателот на РКЕ
Стартува примената на електронската здравствена картичка
(ФОТО) Најмалку десет загинати во експлозијата во Ријад
Бројот на жртви од Сенди се искачи на 74
Филе како „ѕид за плачење“ за Софија
Клинтон се сети на Стенковец, не и на Македонија
Папандреу избркан од ресторан во Берлин



komunist, 04.11.2012 19:04:35
Vo 2001 albancite ili DUI ,ANA ili bilo kako i da gi narecete vo MK se borea na stranata na KOSOVO i zaedno ja napadnaa Makedonija i pri toa ubivaa neduzni civili ,pravea masakri na civilno i necivilno naselenie ,proteruvaa nealbanci od naseleni mesta kade se povke naseleni albanci (etnicko cistenje),kako i 12 pogubeni od DUI.
Filip Sumski, 04.11.2012 21:25:01
Ne bi bil sporen predlogot na DUI ednakvo da se tretiraat branitelite na R.Makedonija koi beja legalnia armija na drzavata i ONA koja bese paravoena i formirana prvo vo Kosovo kako UCK pa potoa se prefrli vo Makedonija kako ONA , jas se prasuvam ovie lica ke dobivaat obestetuvanje od dvete strani i od KOSOVO I od R.M. DPMNE (vladata) bigo prifatila toa no se plasi od paganeto na nejziniot rejting kaj M.narod.
Mark, 04.11.2012 22:39:38
...i taka Ahmeti i Gruevski si sedat vo vladata, i si sedat, i ke si sedat..A zapalenite patrioti, od Dzepciste ili Pripor seedno, ke se kolat megju sebe, ke se tepaat na utakmici, po avtobusi, ke se plukaat na internet - i ke se spremaat za ,,golemata presmetka,,! I ke gladuvaat po malku, dodeka nivnite ,,lideri,, si se gostat na ista sofra, a branitelite ke si pocekaat, bar do slednite izbori..
бранител, 04.11.2012 22:49:08
Како може исти третман кога Бранителите ги ангажираше и активираше државата а „другите„ ги активирале и повикале „други“, едните се бореле и ја бранеле државата а другите се бореле против државата и сакале да ја срушат. Ако тоа се направи изедначување на Бранителите и припадниците на ОНА, поколенијата ќе судат. Да живее Македонија !

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Делумно облачно

Вторник
Претежно облачно
Макс: 18°C, Мин: 7°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (45)
Инцидентот на Бајкалско Езеро. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Настани
Интервју -Цената на станбениот квадрат нема да паѓа
Д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежната компанија „Адора инженеринг“, очекува рамноправни услови за работа на дом...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |