Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
02.08.2012, 16:05

Трајановски ќе плати над 100.000 евра за (себе)реклама

„Не е кампања, туку целта е јавноста дополнително да се информира за проектите сработени во изминатите четири години“, велат од Градот

Деспина Трајковска



После централната власт и градската власт почна да го одврзува ќесето за реклами. Како за почеток, ќе потроши над 100.000 евра за рекламни спотови и друг начин на рекламирање за сработеното во досегашниот мандат на актуелниот градоначалник. Иако по најавите за нарачка на рекламите реагираа од опозициската СДСМ, кои потенцираа дека тоа ќе бидат ненаменски потрошени пари од граѓаните а истовремено и нелогична набавка, сепак, Трајановски остана имун на прозивките.

„Дали скопјани од нивните пари, ќе ја финансираат кампањата на кандидатот за градоначалник на Скопје, Коце Трајановски за следните локални избори во 2013 година. Зарем граѓаните скопјани живеат во друга држава и не можат да ги видат проектите, па, е потребно да се потрошат нови милиони за да им се презентираат истите преку спотови на телевизија“, реагира Александар Наумовски, советник од СДСМ во Советот на Град Скопје.

Градот пред некој ден потпишал договор за рекламирање преку „Кваза филм“ која има обврска да осмисли и реализира ТВ спотови за презентирање на позначајните проекти на Градот за периодот 2009-2012. Договорот вклучува изработка на 15 ТВ спотови со снимени кадри од постоечките локации, продукција на еден ТВ спот за туристичка промоција на Скопје, изработка на четири комплетни 3Д визуелизации со 3Д визуелни ефекти а истовремено избраната рекламна агенција има обврска да закупи простор на минимум четири интернет портали на кои ќе ги претстават дел од рекламите.

За сето ова градските власти ќе потрошат околу 115.000 евра. На повикот за избор на рекламна агенција понуди доставиле три агенции, а пресудно при изборот биле гаранциите за квалитетот.

Градските власти неодамна рекоа дека ова не е невообичаена зделка. Пари за набавката на услугите била одобрена автоматски со усвојувањето на тековниот буџет.

И додека дел од рекламите веќе се вртат по дел од медиумите, во очекување да платат за слични услуги се и од општината Кисела Вода која веќе е во потрага по рекламна агенција а за услугите планира да плати најмногу до 82.000 евра. Градоначалниците од Гази Баба и од Бутел неодамна најавија дека ќе го направат истото. Единствено, исклучок е градоначалникот на Аеродром Ивица Коневски, кој по бурните реакции на јавноста се откажа од „себе – рекламирање“. Градоначалникот на Карпош, пак, Стевчо Јакимовски, смета дека нема потреба од ТВ спотови. „Што ќе ми се реклами, дали и што сработила општината и јас како нејзин градоначалник се гледа на секој чекор. Тоа е залудно трошење пари од граѓаните“, рече тој.


Статијата е прочитана 1512 пати.

Испрати коментар



Трето прскање против комарци
Повторно се продаваат локали во градските катни гаражи
Реконструкција на улици во населбата Пролет



ddd, 03.08.2012 06:35:15
covekot vo eden den pravi raboti za gradot,poveke nego site gradonaclnici za site svoi mandati,normalno deka treba i da se pofali
Трајче, 03.08.2012 08:35:43
Нека се рекламира. Може да се рекламира само тој што направил нешто добро.
Istocna Makedonija, 03.08.2012 08:50:37
Pa sto se 100.000evra vo odnos na potrosenite milio ni evra za reklami i samo reklami.Napred,KoceI
milan, 03.08.2012 09:19:15
Posle ovakvata vest blaze si mu na narodt skopski.Zalnite vrbi i palmi ke se razveselat a narodot neka trpi i neka brca po kontenjrite,preporaclivo e da odat i da brkaat po kontenjerite sto gi postavi Stavrevski.
lele, 03.08.2012 09:57:57
abe so tie pari moze da izgradite uste nekoj spomenik.jas imam predlog: MALI DJOKICA...
Трпе, 03.08.2012 11:22:39
Не е до рекламите до пералната е.Во Скопје не се знае кој пали а кој гаси.Една иста реклама може трипати да биде книжена.Од бладата,од градоначалникот Коце или од општинските грабоначалници.Ингеренците им се испреплетени како свински црева.Дали е самофинансирање,дали е донација од владата или сиот македонски народ ги плака сите глупости.И една гранка на дрво да исечат проект го нарекуват.Во Скопје кое го рачунат за метропола, далеку од тоа бидејки тој е само главен град на една државичка со околу 2 милиони жители.
Kvazi gradonachalnik, 03.08.2012 11:48:16
Stvarno be, ovie znaat li za dosta! Aman so tie reklamiranja i kradenja. Ubavo reche Stevcho, gledame na sekoj chekor, shto ima tuka da se reklamira. A da, muzei, spomenici, ogradi, plazi, zalni vrbi i slichni gluposti.
vesna, 03.08.2012 15:31:02
ne treba reklama tuku 100K za nov proek- podzacisti nekoja ulica napravi park z atie pari - ne se reklamiraj sam sebe .
цане соколовски, 04.08.2012 07:31:13
Овие 100000 евра во Скопје се вредни колку милијарда евра во Торонто кај што живем! . Без разлика што некој каже, ова е обична политичка кампања. Реков еднаш - док буде ќурана, биќе ќуретине! Што друго!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 30°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 37°C, Мин: 20°C

Понеделник
Сончево
Макс: 40°C, Мин: 20°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Казахстанецот Илјин со два светски рекорда
Илјин го освои златниот медал во кревање товар во категоријата до 94 килограми и постави два светски рекорда...
Светски рекорд на Пендлтон во спринт
Британката го урна светскиот рекорд на својата лута ривалка Ана Мирс на 200 метри летачки круг...
Преглед на освојувачи на медали - 8.ден
По осмиот натпреварувачки ден 58. држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |