05.08.2012, 14:28 Светски рекорд на Пендлтон во спринт
Британката го урна светскиот рекорд на својата лута ривалка Ана Мирс на 200 метри летачки круг
Британката Викторија Пендлтон го урна светскиот рекорд на својата лута ривалка Ана Мирс на 200 метри летачки круг и со најдобро време ќе стартува во осминафиналето во спринтот на Олимписката велосипедска патека во Лондон. Пендлтон, светска и олимписка шампионка, оствари време од 10,724 секунди, подобро за 0,058 сек. од тоа на Австралијката Мирс, која заврши втора со 10,805 сек. |