09.08.2012, 14:15 Арбен Џафери во критична состојба
Арбен Џафери (64) синоќа во лоша здравствена состојба итно е префрлен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје
- Вчеравечер околу 21 часот примен е Арбен Џафери на Клиниката за неврохирургија како последица на нагло слошување и паѓање во бесознание. Пациентот е згрижен, дадена му е терапија, во моментов е во тешка, но релативно стабилна состојба. Преземени се сите мерки и лекувањето е во тек, изјави попладнево професор доктор Владимир Мирчевски, дежурен неврохирург на Клиниката за неврохирургија.
Одговарајќи на новинарско прашање истакна рече дека пациентот се` уште е во тешка состојба и во бесознание.
Мирчевски нагласи дека никаде во светот не се даваат прогнози за болеста во текот на првите 48 часа откако пациентот е примен во болницата.
Поранешниот претседател на ДПА повеќе години се лекува од Паркинсоновата болест, но според доктор Мирчевски најверојатно таа нема влијание на неговата состојба.
Џафери вчера бил примен од доктор Слободан Дамјановски.
Онлајн изданието на весникот Коха објави дека Џафери бил пронајден во тешка задравствена состојба во стан во центaрот на Тетово.
Арбен Џафери боледува од Паркинсонова болест, што беше и причина за негово повлекување од политичката сцена. Цели 12 години Џефири беше на чело на ДПА, а од 2007-ма година на чело на партијата застана Мендух Тачи. Арбен Џафери е претседател на Централното собрсание на ДПА и е еден од дитрекнтните креатори на партиската политика, заедно со лидерот Тачи. |