07.08.2012, 14:22 Црногорските хотели стануваат „геј-френдли“
Во хотелите, кои се членови на Црногорското туристичко здружение, ќе бидат поставени табли со боите на виножитото, што ќе означуваат дека се „геј-френдли“ (пријателски расположени кон хомосексуалците) хотели.
Тоа беше соопштено вчера по средбата на директорот на туристичкото здружение Жарко Радуловиќ и директорот на Геј-лезбејскиот форум „Прогрес“ Здравко Цимбалевиќ. Тие наведоа дека таквата одлука ќе придонесе за имиџот на Црна Гора како толерантна земја и туристичка дестинација, каде нема ограничувања на гостите.
Таблите со боите на виножитото ќе им овозможат на туристите хомосексуалци да одберат хотел во кој нема да имаат проблеми поради нивната различна сексуална ориентација.
„Геј-френдли“ хотели има во сите познати туристички дестинации. |