08.08.2012, 14:33 Првата дама на Северна Кореја фотографирана со луксузна чанта на Диор
На фотографијата, која е без датум, се гледа сопругата на лидерот Ким Џонг-ун со чанта на Кристиан Диор - што е луксуз за сиромашна држава како Северна Кореја
Севернокорејските државни медиуми објавија фотографии на сопругата на лидерот Ким Џонг-ун со чанта на Кристиан Диор - што е луксуз за сиромашна држава како Северна Кореја.
На фотографијата која е без датум, Хион Сонг-вол е облечена во бело и седната е до сопругот за време на проверка на состав на високи офицери. На столицата има и црна чанта на познатата модна куќа Кристиан Диор. Оригинал или имитација, малата кожна чанта е со ланче и иницијал „Д“ од сребрест метал.
Северна Кореја чија економија и земјоделие се опустошени по декади несоодветно владеење и трошење пари за нуклеарната програма, преживува глад по втората половина на 90- години од минатиот век. Стотици илјади лица починале поради тие проблеми оттогаш, според податоци на невладини организации. |