08.08.2012, 11:07 Локализиран пожарот кај аеродромот Стенковец
На аеродромот Стенковец се појави пожар во близина на резервоар за авионско гориво. Поради големата опасност, интервенираа противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување Ер Трактор АТ-802А Фајр Бос, и покрај ангажманот во Тетовско.
Пожарот е локализиран, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.
Според последните информации, во општина Брвеница, на планината Сува Гора, кај село Гругурница, во пожарот кој се појави вчера во 13 часот гори трева и нискостеблеста шума, а се проширил на висока шума. Противпожарните авиони дејствуваат од 7 часот денеска и извршена е мобилизација на единиците за заштита и спасување од Тетово и Гостивар, и истите денеска во 6 часот се упатени на местото на пожарот.
Градоначалникот на општина Брвеница ангажираше 20 лица од доброволното друштво, додека од Македонски шуми се ангажирани 12 лица, а има и противпожарни возила за обезбедување на вода за гасење.
Локализиран е пожарот во општина Валандово, село Дедели-Фуркан, кај местото Казан Дол, а се очекува набргу да биде локализиран и пожарот кај гевгелиското село Миравци. |