07.08.2012, 15:58 Економската состојба на фирмите понеповолна од лани
Економската состојба на трговците на мало во второто тримесечје годинава е поповолна во однос на првото тримесечје, но понеповолна во однос на второто тримесечје од 2011 година, сметаат нивните менаџери.
Според Државниот завод за статистика, раководителите на фирмите оцениле дека нивната финансиска состојба во второто тримесечје годинава е поповолна во однос на првото тримесечје.
Неповолни се и очекувањата за економската состојба во наредниот период. Нивна оцена е и дека количината на залихите во текот на второто тримесечје е зголемена во однос на првото тримесечје. Порачките за наредниот период се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените во однос на првото тримесечје.
Менаџерите очекуваат зголемување на продажните цени во наредните три месеци. Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје имале слабата побарувачка на купувачите - 17,5 отсто, зголемена конкуренција - 7,9 проценти и зголемена понуда на пазарот - 6,4 отсто. |