07.08.2012, 12:36 „Повардарие“ почна да го доплаќа ланското грозје
Винарската визба „Повардарие“ од Неготино денеска почнува со доплата на средствата за ланското грозје.
Како што информира директорот Ванчо Кузманов, пари за минатогодишниот род во наредните десетина денови ќе добијат сите лозари кои имаат побарувања. Динамиката на исплата ќе зависи само од ажурноста на банките, парите биле во целост обезбедени.
- Лозарите не треба да се грижат за ништо, треба само да се посветат на новата реколта, изјави Кузманов.
Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов вчера почна средби со претставници на винарските визби. Ќе лобира, истакна, за исплата на ланското грозје. Воедно, додаде, во целост ги поддржува лозарите во барањата за што побрза исплата.
Пред неколку дена лозарите се заканија дека ќе протестираат доколку во најскоро време не ги добијат парите. |