09.08.2012, 11:47 Олимпискиот шампион Унгарија „потопен“

Унгарските ватерполисти по синоќешниот пораз од Италија нема да имаат можност да го бранат златниот медал освоен на претходните три Олимписки игри
Олимпискиот шампион Унгарија натпреварите на Игрите во Лондон ги заврши во четвртфиналето откако синоќа е „потопен“ од Италија со 11:9 и со тоа нема да има можност да го брани златниот медал освоен на претходните три Олимписки игри во Сиднеј 2000, во Атина 2004 и во Пекинг 2008 година.
Противник на Италија во полуфиналето ќе и биде селекцијата на Србија која е актуелен европски шампион. Србија во четвртфиналето ја победи Австралија со 11:8.
Во второто полуфинале ќе играат Хрватска и Црна Гора. Хрватска во четвртфиналето ја постигна најубедливата победа 8:2 против САД, а Црна Гора славеше над Шпанија со 11:9. |