09.08.2012, 23:13 Болт без конкуренција
Јамајканецот влезе во историјата на Олимписките игри како првиот атлетичар кој успеал да го одбрани златниот медал во трката на 200 метри
Усеин Болт патеката од 200 метри ја мина за 19,32 секунд и со тоа го повтори успехот од Пекинг 2008, нешто што досега на никому не му успеало - два пати по ред да триумфира на овој натпревар на Летни олимписки игри.
Резултатот е за две стотинки послаб од олимпискиот рекорд, додека светскиот рекорд кој е во сопственост на Јамајканецот е 19,19 секунди.
Конкурентен до самиот крај беше и неговиот најголем ривал Јохан Блејк со 19,44 секунди, а еден-два-три победата на Јамајка ја комплетираше “бронзениот“ Ворен Вир со 19,84 секунди. |