09.08.2012, 15:24 Намалена градежната активност во странство

Вкупната вредност на извршените градежни работи во странство во првите шест месеци од годинава е 152.463.000 денари или 85,2 отсто помалку во споредба со истиот период лани.
Според Државниот завод за статистика, градежната оператива од Република Македонија во странство договорила градежни работи во вкупна вредност од 275.463.000 денари што е за 83,6 проценти помалку.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нов пазар се јавува Италија. |