Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
07.08.2012, 15:20

Две третини од граѓаните не и' веруваат на Владата

„Еуро-барометар“: 69 проценти од македонските граѓани немаат доверба во парламентот, а 27 отсто сметаат дека економијата е добра

Според најновата анкета на „Еуро-барометар“, шеесет и седум проценти од анкетираните граѓани не и' веруваат на Владата, што е за 7 отсто повеќе од претходната анализа. Од друга страна, 30 проценти од граѓаните на Македонија и' веруваат на Владата, за разлика од претходната бројка која беше 34.

И довербата на граѓаните во парламентот е лоша. Само 31 процент од анкетираните граѓани дале потврден одговор, а дури 69 проценти дале негативен одговор.

Ниту за оптимизмот не може да се каже дека се наоаѓа на некоја висока скала иако е за десетина проценти поголем од просекот во ЕУ. Триесет и пет проценти од граѓаните изјавиле дека во следните 12 месеци политичката и економска ситуација во земјава ќе биде подобра, а 41 процент рекле дека ќе биде полошо.

На прашањето, пак, дали државата се движи во правилна насока, дури 49 проценти од анкетираните изјавиле „не“.

Од друга страна, 64 проценти од Македонците генерално се задоволни од животот што го имаат во моментов.

Според резултатите од анкетата, најнезадоволни од животот меѓу членките на ЕУ се граѓаните на Грција (68 проценти), Полјаците (66), Бугарите и Унгарците (58 проценти), Романците (51 процент). Најзадоволни, пак, се Финците (94 проценти), Данците (91 проценти), Германците (89 проценти).

Над половината од македонските граѓани (53 проценти) одговориле и дека дека се задоволни од состојбата во нивните домаќинства, што е повисок процент од десетина земји во ЕУ и држави кандидати или аспиранти за членство, меѓу кои и Грците (21), Шпанците (49), Италијанците (48), Унгарците (26), Полјаците (30), Романците (40), Хрватите (48), Турците (51), Црногорците (31), Србите (29),...

Економијата и невработеноста и натаму се двата најголеми проблеми и за жителите на ЕУ и за македонските граѓани.

Состојбата во националната економија како добра ја оцениле 27 отсто од Македонците, што е ист процент како и просекот во ЕУ. Најнезадоволни од економската состојба се Грците (100 отсто), а по нив се Шпанците (99), Португалците (97), Унгарците (93), Италијанците (92), Литванците и Летонците (86), Бугарите и Словаците (85),...

Од состојбата со вработеноста се задоволни 38 отсто од анкетираните македонски граѓани. Понегативен став за ова прашање имаат Грците (19), Унгарците (24), Романците (26), Црногорците (27), Србите (21), Бугарите (37) и Хрватите (36). (П.Р)


Статијата е прочитана 3432 пати.

Испрати коментар



„Дискретна помош“ од ЕЦБ за Грција
Се' уште активни неколку пожари во Македонија
Намалена градежната активност во странство
(ФОТО) И Питу Гули дојава во Жена парк
Арбен Џафери во критична состојба
Италијанските семејства живеат од своите заштеди
Македонски телеком и натаму лидер на пазарот
АЕК распиша тендери за 4G и за избор на дигитален оператор
Скулптура на Тоше Проески поставена на „Мостот на уметноста“
Партнерите во грчката влада не можат да се договорат за мерките за штедење
Се урна дел од Кинескиот ѕид
Шест активни пожари во Македонија
Македонија во зелена фаза
Пожарот кај ОКТА изгаснат, активни уште четири
Крај на набљудуваната независност на Косово според планот
Пожар во близина на рафинеријата ОКТА
Јорданскиот крал стравува од распад на Сирија
Се бара консултант за пругата Бељаковци - Крива Паланка
Во комбе-канцеларии ќе се аплицира за субвенции
Тројца нови членови во македонската група во Конгресот на САД
Cе формира национално тело за справување со компјутерски инциденти
Пирана уловена во реката Марица
Одбележани 11 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак
Загина параглајдерист од Виница
„Убиениот“ руски генерал се сретна со новинари во Москва
Бесплатни прегледи за дијабетичари во Систина офталмологија
Сириски бунтовници тврдат дека убиле руски генерал
Единаесет години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак
Локализиран пожарот кај аеродромот Стенковец
Во Македонија и денеска тропски температури
Приврзаници на „Златна зора“ нападнаа полициско возило во кое имало имало имигрант
Над 1,5 милиони Кинези евакуирани пред налетот на тајфунот Хајкуј
Пет активни пожари во Македонија
Издадени 24 решенија за забрана за работа
Гори депонијата во Тетово
Сарчиево повторно со Гинисов рекорд
Економската состојба на фирмите понеповолна од лани
Шкотскиот парламент нема право да свика референдум за независност
(Обновено) Активни неколку пожари во Македонија
Црногорските хотели стануваат „геј-френдли“
Грант од холандската Влада за реконструкција на родилиштата
Трошоците за живот пониски за 0,9 отсто
„Повардарие“ почна да го доплаќа ланското грозје
(ФОТО) Положени венци пред споменикот на загинатите припадници на АРМ од 2001
Се влошува ситуацијата во Алепо
Пожари во скопските села Света Петка и Брест
Сарчиево подготвено за Гинисовото гравче
Потребна е политичка волја за решение на името
Неуспешно лансирање на два сателити од Бајконур
Да се избегнува работа на отворено од 11 до 17 часот
Македонија во портокалова фаза
Напаѓачот од Милвоки е поранешен војник во американската армија
Во јуни намалени откупот и продажбата на земјоделските производи
(ФОТО) Mинистерот за одбрана и началникот на ГШ на изложбата на АРМ
Прекината потрагата по удавеното момче во „Мавровица“
Првпат интервентна кардиологија во Битола



LIC, 07.08.2012 16:09:17
Sto da se kaze- prosto e vece i zamorno vakvo matenje i zamajuvanje i ubeduvanje na narodot deka segasnosta mu e rozova a idninata svetla . Nisto od ovie iskazani budalastini nema ni logika ni miligram osnova. Na kraj vistina ce pomislim deka nie nemame mozok,aj mozok sto nemame ama nemame ni fizioloski potrebi normalni za sekoj covek.Izgleda deka sme nekoja nad-rasa,nisto ne ni treba osven spomenici i reklami za da se potsetuvame kolku ni e ubav zivotot. No coment.
Gox Skopje, 07.08.2012 16:13:36
Anketata napravena na nad 1000 ispitanici,od koi 999 se clenovi na semejstvoto na premierot,vicepremierot,pretsedatelot,pretsedatelot na sobranie i na po nekoe ministerce najverojatno ??? P.S. Ne pisuvajte vakvi izvestai vo idnina,pa zar sakate 80 milioni germanci,60 milioni francuzi i 380 milioni ameri da dojdat vo nasiot raj ???
Mirko, 07.08.2012 16:36:35
Ovde nekoj ne pravi budali? Zar treba da veruvame na ovie anketi? Ako e nekoj standard piperki i domati, togas e sve ok. Za drugi raboti e smesno da se uporeduvame so drugite zemji, se znae dno e dno. Krotko jagne sabja ne sece. Zosto se zadovoluvame so mizerija i beda? Zar neznaeme sto e ubavina na zivotot? Se na se izgleda e zaboraven nekogasniot zivot i na nekoj nacin dobar zivoten standard. Neveruvam deka sme toliku zabegani. Kade nie dostoinstvo?
boris, 07.08.2012 18:08:35
ma nemoj pravile ste anketu vo grad skopje e na kraj ispadnale demek 64% od gradjanite se zadovolni od zivotot sto go imat vo momentot ....aj iskocite po sela i pravite istata anketa so tolku broj na gradjani i ke vidite kolku sa zadovolni so zivotot sto go imat vo momentot ...
Mark, 07.08.2012 18:32:06
Neverojatno - imame polos standard vo sekoj pogled od site spomenati - a POZADOVOLNI sme od niv?!? Sociolozi pa i psihijatri navalete - temi za doktorati vo Makedonijava na toni !!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


Време
Скопје, 26°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 34°C, Мин: 17°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 32°C, Мин: 16°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Болт без конкуренција
Јамајканецот влезе во историјата на Олимписките игри како првиот атлетичар кој успеал да го одбрани златниот медал во тр...
Три златни медали за Американците на атлетските натпревари
Американците синоќа на атлетските натпревари на три од четирите финални дисциплини освоија златни медали...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 12.ден
По дванаесеттиот натпреварувачки ден 76. држави имаат освоено медали...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |