08.08.2012, 11:45 Сириски бунтовници тврдат дека убиле руски генерал
Сириска бунтовничка група денеска соопшти дека нејзините беорци убиле руски генерал, кој бил ангажиран како воен советник при Министерството за одбрана на Сирија за операциите на владините сили во реонот на Гута, западно од Дамаск.
Групата, која себе си именува како Специјален оперативен баталјон „Јастреби“ - Оддел на воената управа на градот и провинцијата Дамаск, во прилог на соопштението достави и копии од документи издадаени од сириските власти, за кои се тврди дека му припаѓале на убиениот генерал.
Убиениот руски генерал е идентификуван како Владимир Петрович Кочиев.
Ваквата информација засега ниту е демантирана, ниту потврдена од властите во Дамаск и Москва.
Специјалниот оперативен баталјон „Јастреби“ беше една од двете групи што презедоа одговорност за нападот во Дамаск минатиот месец, при кој беа убиени четворица високи претставници на безбедносните сили, меѓу кои и сирискиот министер за одбрана Дауд Рахиџа. |