07.08.2012, 20:13 Сарчиево повторно со Гинисов рекорд
Во Сарчиево беше приготвен грав со количина од 5.600 литри со што и официјално е прогласен Гинисовиот рекорд во категоријата најголем котел со грав
Судијата од Гинис, Џек Брокбенг од Велика Британија во 19:10 часот објави дека во штипското село Сарчиево е приготвен грав со количина од 5.600 литри со што и официјално е прогласен Гинисовиот рекорд во категоријата најголем котел со грав.
Судијата му го даде сертификатот на организаторот Стојан Давчев со што влезе во светската Гинисова книга на рекорди во категоријата најголем котел со грав.
Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион го благословија Гинисовото гравче кое ќе се служи за вечера по повод празникот Св. Петка.
За приготвувањето на гравчето беше ангажирана екипа од девет готвачи на чело со Лупчо Гиевски од хотелот „Александар палас“.
За подготовка на Гинисовото гравче беа употребени 4.000 литри вода, 1.300 килограми грав, 120 килограми кромид, 140 литри зејтин, 24 килограми сол, 14 килограми мешан зачин, шест килограми бибер, девет килограми црвен пипер, 50 килограми брашно, еден килограм ловоров лист и 35 китки магданос. |